Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ја истакна важноста од почитување на законите, правилата и етичките стандарди за време на изборната кампања.
„Потпишувањето на Кодексот не е само церемонијален чин, туку и обврска за нас директните учесници во изборната кампања. Како кандидат, повикувам изборната кампања и реторика да ја водиме во позитивна, демократска атмосфера, ослободена од празна реторика и говор на омраза“, рече Тоневски.
Тој додаде дека преку конкретни проекти и идеи, како и конструктивни дебати, граѓаните ќе имаат можност да направат вистински избор. „Развојот на демократијата и напредокот на земјата зависи од однесувањето на сите нас“, нагласи Тоневски.








![Стампедо во храм во Индија: Има загинати [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-03-094333.png)
![[ВИДЕО] Автомобил удрил во група луѓе во Белград – има загинати и повредени!](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/11/screenshot-2025-11-14-133322.png)
