Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА МЕСТО ЗА ПОЛИТИЧАРИ КОИ ВЕЛИЧААТ ОРУЖЈЕ: Велјановски повика СДСМ веднаш да ја осуди изјавата на Бектеши

by Уредник
24.09.2025
in Uncategorized

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на вонредна прес-конференција го осуди поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за изјавата во која го велича оружјето и ја оправдува војната од 2001 година, при промоција на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи.

„Во Македонија нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје“, рече Велјановски, нагласувајќи дека ова претставува директен удар врз меѓуетничките односи и е класичен говор на омраза.

Тој го повика СДСМ веднаш јавно да се огради од изјавата и да ја осуди, истакнувајќи дека молчењето на коалицискиот партнер би значело соучесништво. Велјановски апелираше и до сите политички партии, организации и институции да го осудат овој чин.

„Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава – земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби“, порача Велјановски.

Next Post

Уапсен тежок криминалец во Скопје

Полицаец нападнат при вршење службени задачи

Препорачани Вести

Во текот на вчерашниот ден, полицијата напишала 706 казни, најмногу за непрописно паркирање

Во текот на вчерашниот ден, полицијата напишала 706 казни, најмногу за непрописно паркирање

11 months ago

(ВИДЕО) СИБИРСКА АПОКАЛИПСА: Камчатка затрупана со снег до петтиот кат на зградите – регионот целосно парализиран

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алберта меѓу Отава и Вашингтон: Трамп и тајните разговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.