Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

by Уредник
24.09.2025
in Uncategorized
Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) како и за време на викендот, но и во почетокот на следната седмица времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно облачно, многу посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде претежно облачно и многу посвежо со врнежи од дожд, повремено обилни и поројни и проследени со ретки грмежи. И во Скопскиот регион ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму ова ќе придонесе конечно за намалување на интензитетот на сушата која подолго време владее во најголем дел од нашата Македонија.

Поради продор на многу поладен воздух од североисток и од исток температурите во погоре споменатиот период ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува до околу 16/17 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени.

Поради заладувањето, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) да ги имаме и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Се на се, веќе од викендов ќе имаме вистинско есенско време, многу свежо и со чести и обилни врнежи кои како што кажав ќе придонесат значително намалување на сушата во нашата Македонија. Температурите кои ќе ги имаме викендов и во почетокот на следната седмица ќе бидат значително потпросечни за самиот крај на месец септември.

Next Post

Samsung освои 47 признанија и 2 златни награди на Меѓународните награди за извонредност во дизајн (IDEA) 2025

ВРЕДИ: ДУИ го претвори патриотизмот во покритие за корупцијата и своите кланови

Препорачани Вести

Трагедија на автомобилска трка во Варна: Маж загина, повеќе повредени

3 months ago

Божиновска: Италија е силен партнер за нови инвестиции во македонската енергетика

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.