Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Европските сили испраќаат воени бродови за заштита на хуманитарната флота за Газа

by Уредник
25.09.2025
in Uncategorized

Шпанија ќе испрати воен брод за заштита на хуманитарната флота со европски активисти која беше нападната од Израел во обид да достави помош за жителите на опколениот Појас Газа, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Шпанија бара почитување на меѓународното право и правото на нашите граѓани безбедно да пловат низ Медитеранот“, порача Санчез од Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на ОН. Воениот брод наскоро ќе отплови од шпанското пристаниште Картагена за да обезбеди безбедност на учесниците во флотилата и да интервенира во случај на потреба.

Флотилата „Global Sumud“, составена од помали бродови што испловија од медитерански пристаништа, има за цел ненасилно да ја прекине израелската окупација и блокада на Газа. Во конвојот се наоѓа и поранешната градоначалничка на Барселона, Ада Колау, која сведочи дека израелската војска ја нападнала флотилата во близина на Крит со дронови и експлозии. „Многу се исплашивме. Одеднаш се појавија дронови кои летаа ниско и се слушнаа силни експлозии“, изјави таа.

Потпретседателката на шпанската влада, Јоланда Дијас, оцени дека хуманитарната флота претставува „трачок надеж што мора да се заштити“, имајќи предвид дека Израел не дозволува влез на помош ниту по копно ниту по море, додека во Појасот Газа луѓето умираат од глад, болести и исцрпеност.

Израелското Министерство за надворешни работи ја нарече флотилата „Hamas-Sumud“ и соопшти дека „Израел нема да дозволи ниту еден брод во зоната на активни борби, ниту ќе дозволи повреда на законитата поморска блокада“.

Покрај Шпанија, и Италија најави испраќање воена фрегата. Италијанската премиерка Џорџа Мелони порача дека не е предвидена употреба на сила, туку обезбедување придружба и асистенција на мисијата.

Next Post

Ова е причината зошто токму Данска се најде на мета на дронови, а сега протече и првата теорија од каде биле лансирани!

Германскиот министер за одбрана алармира: Руски сателити ги следат воените комуникации

Препорачани Вести

Грција не планира да испрати војници во Украина

5 months ago

ЕКСКЛУЗИВНО: ПРОФИТНИТЕ МАРЖИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, НА ДИСТРИБУТЕРИТЕ И НА ТРГОВЦИТЕ СО ХРАНА

12 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.