Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска: Енергетската ефикасност мора да почне од училиштата

by Уредник
26.09.2025
in Uncategorized

Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром денеска беше претставен еден од првите паметни системи за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во образовните установи.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, нагласи дека проектот претставува значаен чекор во воведувањето на енергетската ефикасност во јавните институции.

„Со вакви проекти ја потврдуваме определбата дека енергетската ефикасност мора да почне од темелите – од училиштата. Она што денес го видовме во ‘Лазо Ангеловски’ е доказ дека партнерствата со приватниот сектор носат мерливи резултати за јавните институции,“ изјави Божиновска.

Проектот е реализиран во соработка меѓу Министерството за енергетика и Македонски Телеком, а овозможува во реално време да се мери потрошувачката, да се откриваат загубите и да се постигнуваат конкретни заштеди.

На настанот присуствуваа и директорот на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на училиштето, Магдалена Петревска. Тие потенцираа дека ваквите паметни решенија ќе најдат поширока примена и во другите јавни институции.

„Со одговорност даваме пример и за идните генерации. Нашите деца учат дека рационалното користење на енергијата е секојдневна обврска и клуч за одржлива иднина,“ додаде министерката Божиновска.

Next Post

Рускиот шеф на дипломатија: „НАТО и ЕУ ѝ објавија војна на мојата земја“

Масовен напад врз Русија: Има повредени, избувна пожар во рафинерија

Препорачани Вести

Стабилност во првите редови – банките го водат пазарот 09.06.2025

7 months ago

Цените на Јадранот предизвикуваат лавина реакции: „Хрватска станува луксуз без покритие“

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.