Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ескалира ситуацијата во Данска, воен аналитичар: „Влегуваме во сè поостар судир со Русија. НАТО започна дискусија…“

by Уредник
28.09.2025
in Uncategorized

Данската полиција во петокот навечер открила нелегално присуство на дронови над воздухопловната база Каруп, а вооружените сили потврдиле дека леталата биле забележани и на неколку други локации.

Последниве денови сведоци сме на низа слични инциденти околу данските аеродроми и воени објекти, што отвора сериозни безбедносни дилеми.

„Се појавува јасен образец, откако дроновите повторно беа забележани над Данска во саботата навечер“, изјави воениот аналитичар од Данската одбранбена академија, Андерс Пук Нилсен, за ТВ2. Тој предупреди дека станува збор за форма на хибриден конфликт, во кој државата мора да биде подготвена за неочекувано сценарио.

Според него, кога властите зборуваат за „способен актер“ зад овие активности, тоа упатува само кон една нација – Русија. „Целта е Москва да врши притисок за да се намали данската поддршка за Украина“, додаде Нилсен.

Тој нагласи дека ситуацијата е сè поопасна, бидејќи НАТО веќе дискутира кога и како да реагира со уривање на руски авиони доколку дојде до ново нарушување на воздушниот простор на Алијансата.

„Се движиме кон сериозен судир меѓу Русија и НАТО, кој лесно може да ескалира во вооружен конфликт. Ситуацијата е многу, многу сериозна“, заклучи воениот аналитичар.

Next Post

Нова ескалација на повидок? Трамп разгледува напади врз цели во оваа земја

Германија го менува правилникот: Армијата ќе обара дронови

Препорачани Вести

Новогодишна забава во Битола со „Нокаут“ и без огномет

3 weeks ago

Пронајдени сведоци во случајот на украинката Марија која со страшни повреди беше пронајдена во Дубаи: Откриле што се случило

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.