Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Илјадници луѓе се евакуирани во Виетнам и на југот на Кина

by Уредник
28.09.2025
in Uncategorized
Страшна бура ја погоди Црна Гора: Соораќајот во прекин

Виетнам денеска затвори неколку аеродроми и започна масовна евакуација на илјадници луѓе во областите што се на патот на тајфунот Буалој, кој се движи со брзина на ветер од 133 километри на час.

Буалој, кој претходно предизвика најмалку десет смртни случаи и разорни поплави на Филипините, се очекува во текот на денот да удри во централниот дел од Виетнам. Според Националната метеоролошка агенција, станува збор за исклучително брза и силна бура со широк опсег на влијание, способна истовремено да предизвика силни ветрови, обилни врнежи, поплави, лизгање на земјиште и крајбрежни поплави.

Во централната покраина Ха Тин започна евакуација на повеќе од 15.000 жители, а илјадници војници се во состојба на готовност за да помогнат. Виетнамската Влада потврди дека се стопирани летови на четири крајбрежни аеродроми, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Дананг. Во меѓувреме, обилните дождови веќе предизвикаа поплави во Хуе и Куанг Три.

И Кина е во состојба на готовност – градот Сања во покраината Хајнан подготвува мерки за заштита, бидејќи Буалој, 20-тиот тајфун оваа година, се движи и кон јужниот дел на островот.

Next Post
Претседателот на Украина со разочарувачка изјава: Дали е ова крајот? Украина во моментов има мали шанси да ја издржи војната со Русија

Зеленски алармира: „Путин спрема нова војна, следна цел може да биде Европа!“

Оваа држава на Балканот добива уште 18 борбени авиони F-16

Русија ја турка Полска во готовност: Аеродромите затворени, борбени авиони полетаа

Препорачани Вести

Полиција на секој чекор: Вчера напишани 807 казни

Полиција на секој чекор: Вчера напишани 807 казни

11 months ago
Украински напади оставија стотици илјади Руси без електрична енергија

Украинската армија тврди дека уништила моќно Руско оружје

8 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.