Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Москва го предупреди НАТО и ЕУ: „Русија ќе одговори одлучно“

by Уредник
28.09.2025
in Uncategorized

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации предупреди дека Москва ќе одговори „одлучно“ на секоја агресија врз нејзината територија.

Лавров изрази сериозна загриженост поради, како што рече, „опасните изјави“ на одредени политичари од земјите членки на НАТО и ЕУ, кои во последните недели зборуваат дека Третата светска војна е „реално можно сценарио“.

„Русија е обвинувана дека подготвува напад врз НАТО и Европската унија. Претседателот Путин веќе повеќепати ги разобличи тие провокации. Оние што шират вакви пораки ја поткопуваат секоја можност за постигнување праведна рамнотежа на интереси меѓу земјите во меѓународната заедница“, рече Лавров.

Напнатоста дополнително расте на источниот фронт на Алијансата, откако Естонија ја обвини Москва дека испратила три воени авиони во нејзиниот воздушен простор, а НАТО соопшти дека во полскиот воздушен простор биле соборени руски дронови.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна порача дека поддржува обарaње на руските воени авиони кои ќе го нарушат воздушниот простор на Алијансата, оценувајќи ја руската армија како „тигар од хартија“.

Од Советот за безбедност на ОН, Вашингтон повтори дека ќе го брани „секоја педа од територијата на НАТО“.

На маргините на заседањето во Њујорк, Лавров имаше и средба со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Next Post

Украина објави карта: „Слепи Унгарци, чекаме објаснување!“

Ескалира ситуацијата во Данска, воен аналитичар: „Влегуваме во сè поостар судир со Русија. НАТО започна дискусија…“

Препорачани Вести

Нови грабежи во Франција: украдени 2.000 златни и сребрени монети во музејот на Дени Дидро

3 months ago
Австралија наскоро би можела да ја признае Палестина

Австралија наскоро би можела да ја признае Палестина

6 months ago

Популарни Вести

  • Објавените досиеја за Џефри Епштајн откриваат нови детали за неговата елитна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската Народна Партија во Загреб ја отвори дебатата за евентуален европски нуклеарен штит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силна капитална основа, послаб профит: како помина 2025 година за АЛТА банка Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.