Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Стигна конкретна реакција на НАТО поради дроновите над Данска

by Уредник
28.09.2025
in Uncategorized
Филипини ја паузираат набавката на американски борбени авиони Ф-16 поради буџетски ограничувања

НАТО ја засилува присутноста во Балтичкото Море поради упади на дронови во Данска

НАТО вечерва соопшти дека ја засилува својата мисија во Балтичкото Море со испраќање на фрегата за противвоздушна одбрана и други средства, како реакција на упадите на дронови во Данска, јавува Reuters.

Данските вооружени сили соопштија дека во текот на ноќта се забележани неидентификувани дронови во близина на воени објекти, по неколкуте инциденти оваа недела во близина на аеродроми и критична инфраструктура. Аеродромот во Копенхаген, најпрометниот во северната Европа, бил затворен неколку часа во понеделник навечер поради појавата на големи дронови, а пет помали аеродроми, цивилни и воени, привремено биле затворени во следните денови.

Во соопштението на НАТО се наведува дека со новата акција ќе се спроведува поинтензивен надзор со „мултидимензионални средства“ во регионот. Новите средства вклучуваат платформи за собирање разузнавачки податоци, надзор и извидување, како и најмалку една фрегата за противвоздушна одбрана. Засега не се открива кои земји ќе придонесат со дополнителни средства.

Се претпоставува дека станува збор за фрегата од СТАЈНДИНГ НАТО МАРИТИМ ГРУПА 1 (SNMG1), која веќе е активна во Балтичкото Море, составена од модерни фрегати и разурнувачи од земјите-членки на НАТО. Овие бродови се опремени со радари со голем дострел, ракетни системи за одбрана од авиони, проектили и дронови, како и командни капацитети за координација на повеќе гранки на одбраната.

Засилената мисија ќе ја поддржи „Балтичката стража“, која од јануари го штити Балтичкото Море поради напади врз подморски енергетски кабли, телекомуникациски линии и гасоводи. НАТО исто така ја започна и мисијата „Источна стража“ за зајакнување на одбраната на источното крило на Европа поради упадите на руски дронови во Полска.

НАТО во вторник предупреди дека ќе употреби „сите потребни воени и невoени средства“ за своја одбрана по инцидентот со три руски борбени авиони MiG-31 во естонскиот воздушен простор. Русија ги оспорува овие тврдења и вели дека нејзините дронови немале за цел да нападнат во Полска. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „секоја агресија кон Русија ќе биде одговорена решително“.

Next Post

Осветена црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

Крвава пресметка во влез од зграда: Маж го избодел до смрт комшијата, залудни напорите на лекарите да го спасат!

Трагедија на свадба во Шибеник: Жена загина погодена од сигнална ракета

Препорачани Вести

Зекирија Ибрахими обвинува: Таравари направи политички пресврт и се здружи со ДУИ

6 months ago

Претреси кај Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР

12 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.