Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

by Уредник
29.09.2025
in Uncategorized
Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска беше во Прилеп на почетокот на кампањата за локалните избори. Тој ги истакна значењето на фер и достоинствена кампања, како и потребата граѓаните да ги слушнат пораките на сите кандидати за да направат информиран избор.

„Еве сме на почетокот на кампањата за локалните избори, сакав да дојдам денеска тука во Прилеп, за заеднички да ја стартуваме кампањата, да посакам фер кампања, достоинствена кампања, да можат граѓаните да ги слушнат и нашите пораки и пораките на нашите опоненти за да споредат што е она што ние имаме да го понудиме и што е она што последниот период го размислуваат нашите политички опоненти и да направат најдобар избор, и апсолутно сме убедени во голема победа на овие локални избори, мислам дека тука во Прилеп ќе имаме огромна победа затоа што имаме советничка листа и кандидат за градоначалник коишто се докажани, луѓе коишто се од своите места, луѓе коишто многу добро ги познаваат граѓаните, и знаат многу добро кои се и знаат дека она што го има во програмата ќе го реализираат.“

Николоски додаде дека како централна власт се вложувале максимални напори за реализација на инфраструктурни проекти во регионот:

„Ние во изминативе година и неколку месеци како сме централна власт се обидовме максимално да помогнеме, дали се работи за големите инфраструктурни проекти, се заврши експресниот пат којшто оди од Градско преку Дреново до Фариш, што со години беше запоставено и не се работеше, и се пушти во функција, исто така активно работиме на изградба на големиот автопат од Прилеп до Битола, а правиме планови и за многу брзо време ќе почнеме да работиме и онаму каде што сега завршува експресниот пат тоа е од Фариш до онаму каде што почнува автопатот а тоа е влезот, како Прилеп би бил целосно автопатско или со експресен пат поврзан и со главниот глад, и со Коридорот 10 но исто така и со Битола и на тој начин би имал пристап на два големи патни правци, директно поврзување и со соседна Србија но исто така и со соседна Грција, можност за голем инфраструктурен развој, и поддршка на бизнисот.“

Тој посочи дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и со идниот градоначалник:

„Секако тука се и бројни проекти коишто се во делот на инфраструктурата коишто заедно со новиот градоначалник Дејан Проданоски ќе ги работиме, тој беше доста активен во Собранието и се бореше за општината и за целиот овој регион и сум убеден дека како градоначалник ќе го реализира сето она што ќе го претстави пред граѓаните во следниов период а ќе не има нас како голема поддршка и мене лично како носител во четвртата изборната единица и како ресорен министер, но исто така и премиерот Мицкоски, којшто голем фокус посветува и на Прилеп и на целиот овој регион.

Јас ви благодарам уште еднаш, со успех нека е и со среќа.“

Next Post

МБИ10 со благ пад од 0,11%, обврзничкиот пазар без активности

Изет Меџити: Заедно за развој и чесна власт во Чаир

Препорачани Вести

На „Богородица“ одземени над 500 кутии со гел и таблети за потенција

9 months ago

Асфалтиран дел од улицата „Нико Фундали“ во Битола – реконструкција на патната и подземната инфраструктура

7 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.