Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Судот до крајот на неделата ќе ја донесе одлуката за обвинителниот акт за „Пулс“

by Уредник
29.09.2025
in Uncategorized
Судот до крајот на неделата ќе ја донесе одлуката за обвинителниот акт за „Пулс“

Кривичниот суд соопшти дека до крајот на неделата ќе биде донесена оценката за обвинителниот акт поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Судот целосно го разбира и почитува јавниот интерес за овој предмет, поради што досега повеќепати ја информираше јавноста за текот на постапката и преземените чекори“, наведуваат од институцијата.

Обвинението опфаќа 37 правни и физички лица, застапувани од 33 адвокати и претставници. Од моментот на приемот, судот вложил напори за неговата достава и разгледување на приговорите. Процесот, сепак, бил забавен бидејќи дел од адвокатите и правните претставници подолг период биле недостапни во нивните канцеларии.

Откако обвинителниот акт е уредно доставен до сите обвинети и нивните бранители, на 3 октомври истекуваат законските рокови за приговори.

„Со тоа се исполнети сите услови за оцена и очекуваме актот да биде разгледан до крајот на неделата. Јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, велат од судот.

Оттаму нагласуваат дека прават максимални напори за да се испочитуваат законските рокови и да се гарантираат правата на странките, со цел понатамошната постапка да не биде компромитирана.

Next Post

Продановски: Прилеп заслужува повеќе, ќе работам со цело срце за градот

Светскиот Македонски Конгрес ја осуди бугарската политика кон Македонците во Албанија

Препорачани Вести

Следува многу потопол период – температурата ќе достигне до 17 °C оваа недела

2 months ago
Жителите на Белград: “Сега имаме море, му благодариме на Вучиќ”

Жителите на Белград: “Сега имаме море, му благодариме на Вучиќ”

8 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.