Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ – ПЛУС 10,5 НАСТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

by
2025/09/30 07:29:14
in Uncategorized

Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што Македонија се најде меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година. Официјалната статистика измери дека просечната нето-плата во земјава во јули годинава е повисока за 10,5 насто споредено со јули минатата година, а изнесува 45.276 денари.

Во некои сектори, како на пример во административните и помошните услужни дејности, платите се зголемени за дури 16,5 насто, во образованието за 15,0 насто, а во здравството и социјалната заштита за 14,8 насто. Овој раст најмногу го повлече нагоре и нивото на просечната плата.

Со овие бројки, врз кои се базира анализата на Пари, Македонија се најде високо на ранг-листата на европските земји, дури и во конкуренција на земјите членки на ЕУ. Споредено со државите од ЕУ, плус Албанија и Федерацијата БиХ, Македонија е на високото 6. место.

Во јули, Евростат измери најголем раст на просечната плата во Бугарија, од 13,4 насто. Следува Унгарија со 11,0 насто. Веднаш зад овие две земји членки на ЕУ е Македонија, со раст на просечната плата од 10,5 насто.

Во Регионот, најголем раст на платите е измерен во Федерацијата БиХ, каде изнесува 12,3 насто. Потоа доаѓа Албанија, со раст на просечната плата од 11,7 насто. За Србија сè уште нема податок за јули, а во јуни платите беа зголемени за 11,8 насто за една година.

Растот на платите во Македонија особено доби на интензитет последнава година. Ова темпо ги донесе платите во одредени сектори на рекордно високо ниво во последните 15 години, покажуваат официјалните статистички податоци.

Според овие податоци, во јули 2025 година нето-платите во некои сектори пораснале и до 7 пати во однос на просекот што го имале во 2011 година, од кога се последните податоци со кои може да се прави споредба.

Во дејноста компјутерско програмирање во јули е исплатена највисоката просечна плата во износ од 102.869 денари, која во 2023 година изнесувала 92.871 денар, во 2020 година била 66.993 денари, а во 2011 година само 30.638 денари.

Втората по висина просечна плата е исплатена во индустријата за производство на машини, во износ од 87.646 денари. Интересно за оваа дејност е што за една година просечната плата е безмалку двојно зголемена. Просечната плата во 2024 година била 47.095 денари, а во јули оваа година достигна 87.646 денари. Во 2011 година, во овој сектор платите биле во просек 13.410 денари, во 2021 година надминале 31.000 денари, а во 2024 година стигнале до 47.000 денари.

Значително е зголемена просечната плата во компаниите и институциите за научно истражување и развој, од 25.995 денари во 2011 година на 77.200 денари во 2025 година.

Во текстилната индустрија, пак, просечната плата е зголемена за 5 пати, од 9.623 денари во 2011 година на 41.651 денар во 2025 година. Значителен раст има и во секторите за производство на гуми, од 11.552 денари во 2011 година на 40.799 денари во 2025 година, како и во тутунската индустрија, од 16.864 денари на 40.535 денари.

Целата објава на следниот линк: https://pari.com.mk/makedonija-e-megju-evropskite-lideri-po-rast-na-plati/

Next Post

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: Нападите врз Никола Ѓурѓај се обид за замолчување на Македонците во Албанија

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!

Препорачани Вести

Божиновска го најави новиот Закон: Повеќе права за граѓаните, нова ера во енергетиката

8 months ago

Националната агенција започнува со реализација на проектот „Отворена агенција“ – шанса за младите!

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.