Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека, иако Европа не е во војна, „повеќе не е во мир“ со Русија.
– Дозволете ми да го кажам ова со реченица што може да звучи шокантно… ние не сме во војна, но повеќе не сме во мир. Руската војна е војна против нашата демократија и слобода, рече Мерц на медиумски настан во Дизелдорф, пренесува Ројтерс.
Тој оцени дека целта на Москва е да го поткопа единството на Европската Унија. Канцеларот се осврна и на својот став за планот на ЕУ за отклучување на замрзнатите руски средства, кој според него може да обезбеди финансиска и воена поддршка за Украина во следните три до пет години. Мерц додаде дека во тој период би можело да стане економски неодржливо за Русија да продолжи со офанзивата против Украина.










