Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски од Струга: По изборите следуваат реформи за расчистување на корупцијата во судството и обвинителството

by Уредник
30.09.2025
in Uncategorized

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на митинг во Струга изјави дека по локалните избори ќе се фокусира на реформите во судството и обвинителството, кои, како што рече, се „последниот бастион на криминалот“ што ги штитат СДСМ и ДУИ.

„Секој случај кој сме го предочиле со докази завршува без обвинителен акт против поранешни функционери. Аргатите на СДСМ и ДУИ во судовите и обвинителствата се грижат тоа да остане така. По изборите следуваат промени кои ќе ја донесат правдата во државата“, истакна Мицкоски.

Тој обвини дека во Струга постојат тајни договори меѓу Левица и ДУИ со цел ДУИ да остане на власт и во следниот мандат, при што го критикуваше кандидатот на Левица дека не поднел оставка од пратеничкото место, иако претходно тоа го ветил.

Мицкоски ги повика стружани да ја поддржат советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од професорот Коста Хиохи, како „вистинскиот избор за Струга“ и како алтернатива на „темното минато на криминалот и корупцијата“.

Хиохи ја презентираше програмата на советничката листа која вклучува реконструкција на водоводната мрежа, решавање на проблемот со дивите депонии, изградба на катни гаражи и нова градинка, како и зачувување на старата струшка архитектура. Според него, овие проекти треба да обезбедат подобар и поквалитетен живот за жителите на Струга.

Next Post

Филипче од Пробиштип: Македонија мора да остане заеднички дом, а не приватна сопственост

Стејт департмент: Прекинот на стратешкиот дијалог е последица на постапките на косовската влада

Препорачани Вести

44-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ДВА ЧАСА ГИ ТЕРОРИЗИРАЛ СОСЕДИТЕ ВО ЧЕНТО Влегувал во станови и тепал сѐ што ќе сретне

12 months ago
Алармантно: 124 земјотреси за помалку од 24 часа

Алармантно: 124 земјотреси за помалку од 24 часа

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.