Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски најави кружен тек, нов мост и големи инфраструктурни проекти за Аеродром

by Уредник
01.10.2025
in Uncategorized

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес посети критична сообраќајна точка во општина Аеродром и ги презентираше своите инфраструктурни планови за подобрување на безбедноста и протокот на сообраќајот.

„Креирајќи ја програмата за Град Скопје, безбедноста на граѓаните ја поставивме како главен приоритет. Еден од првите проекти е редизајнот на вкрстувањето меѓу булеварите ‘Кузман Јосифовски – Питу’ и ‘Јане Сандански’ со улиците ‘Руди Чаевац’ и ‘Симеон Кавракиров’, кој ќе се реши со модерен кружен тек според европски стандарди,“ истакна Ѓорѓиевски.

Проектот е дел од концептот за редизајн на 50 критични крстосници и улици, со цел до 2030 година Скопје да постигне визија за „нула фатални несреќи“. Планот вклучува кружни текови, подигнати пешачки премини и визуелни ограничувачи за намалување на брзината и зголемување на видливоста.

Покрај тоа, Ѓорѓиевски најави целосна изградба на Булеварот АСНОМ и поврзување со булеварот „Александар Македонски“, како и продолжување на булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку реката Вардар, кој ќе овозможи подобрена мобилност и рамномерен развој на источниот и западниот дел од градот.

„Сите овие проекти не се само за Аеродром, туку се проекти за цело Скопје. Мојата визија е град во кој секое дете безбедно стигнува до училиште, секој возач безбедно пристигнува дома, а секој граѓанин живее во средина со современа инфраструктура и европски стандарди,“ порача Ѓорѓиевски.

Next Post

Проданоски: Современ и достапен превоз за Прилеп со поддршка на такси превозниците

Преведувачот на Путин открива тајни за работата: Една грешка може да предизвика скандал

Преведувачот на Путин открива тајни за работата: Една грешка може да предизвика скандал

Препорачани Вести

Иднината на Грција под знак прашалник: Реформи или вештачка интелигенција

5 months ago

Искусете врвна моќ и интелигентно чистење

4 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.