Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Блок-зделки со Гранит и Макпетрол ја зголемија ликвидноста, ТЕ-ТО со рекордна јавна аукција

by Уредник
01.10.2025
in Uncategorized

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во текот на септември 2025 година на Македонската берза беа реализирани 1.526 трансакции со вкупна вредност од 907,8 милиони денари и обем од 155.997 хартии од вредност. Најголем дел од прометот беше концентриран кај водечките сини чипови, со значително учество на блок-зделки и една јавна берзанска аукција. Индексот МБИ10 месецот го заврши со пад од 0,89%, на ниво од 10.346,94 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 117,56 милиони денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 66,78 милиони денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 67,78 милиони денари

Топ добитници

● Мокел-ЕЕИИ АД Битола (MOKEL) +20,00%

● ОКТА АД Скопје (OKTA) +8,89%

● ЗК Пелагонија АД Битола (ZPK) +1,93%

Топ губитници

● Македонијатурист АД Скопје (MTUR) –2,86%

● Реплек АД Скопје (RPK) –3,13%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –3,16%

Блок-зделки

● Гранит АД Скопје (GRN) – 95,87 милиони денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 47,11 милиони денари (вкупно 6 блок-зделки)

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 5,96 милиони денари

● Стопанска банка Битола (STBBT) – 29,18 милиони денари

Јавна берзанска аукција

● ТЕ-ТО АД Скопје (TETO) – 555 милиони денари

Обврзнички пазар

Во текот на септември беа реализирани само две трансакции со државни обврзници за денационализација, во вкупна вредност од 5,79 милиони денари. Поголемиот дел од останатите државни и корпоративни обврзници останаа без активност.

Септември 2025 година се одликуваше со изразена ликвидност и висока активност, поттикната од повеќе блок-зделки и рекордната јавна аукција со ТЕ-ТО. На официјалниот пазар најактивни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои заедно остварија најголем дел од прометот. Индексот МБИ10 месецот го заврши со пад, под влијание на негативните движења кај неколку водечки компании, пред сè Комерцијална банка и Реплек. Обврзничкиот пазар остана со минимална активност.

Next Post

Масовен митинг на ВЛЕН во Скопје: „Не ветуваме, туку работиме“

Delfino Mobility Group – Од идеја до регионален лидер за 30 години

Препорачани Вести

Патот кон Теферич затворен поради тонење и пукнатини – користете алтернативни патишта!

8 months ago
МАКЕДОНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Македонија – прва европска земја што ги набави турските хаубици БОРАН

МАКЕДОНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Македонија – прва европска земја што ги набави турските хаубици БОРАН

7 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.