Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Николовски ја отвори изборната канцеларија на Широк Сокак со порака за „архитектура на Битола“

by Уредник
01.10.2025
in Uncategorized
Николовски ја отвори изборната канцеларија на Широк Сокак со порака за „архитектура на Битола“

На првиот ден од предизборната кампања за локалните избори, независниот кандидат за градоначалник на Битола, Зоран Николовски, ја отвори својата изборна канцеларија на Широк Сокак.

Николовски, кој ја доби поддршката од политичката партија „Левица“, го истакна своето мото: „Време е за архитект“. На отворањето присуствуваа пратеничката Јована Мојсоска и советниците од „Левица“ Горан Велевски и Гаврил Трајковски.

Во својата програма, Николовски најави Битола како град за сите – туристички ориентиран, со здрава храна во секое училиште, еко-град, со развиено земјоделство и сточарство, видео надзор, паркови, зелени површини и грижа за највозрасните.

Тој посочи дека градежната механизација и инженерскиот кадар на Општина Битола ќе работат непрекинато за реализација на капитални објекти, улици, урбана опрема и паркови, со цел градот да се гради брзо, ефикасно и квалитетно.

„Сè што сум презел како обврска на моето работно место е завршено. Сега е време Битола да се гради за сите нас“, изјави Николовски.

Next Post
Софија може да го поддржи Орбан за блокадата на Украина за да го зачува правото на вето за Скопје

Софија може да го поддржи Орбан за блокадата на Украина за да го зачува правото на вето за Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде град на еднакви можности и поддршка за лицата со инвалидитет

Препорачани Вести

„Wuling Hongguang Mini EV“: Најпродаван електричен автомобил за само 5.900 евра

10 months ago

ЕУ ги олеснува условите за отворање нови рудници, а македонското рударство пропаѓа

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.