Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СИБИР ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат голем студ, многу дожд и снег над 60 см!

by Уредник
01.10.2025
in Uncategorized
СИБИР ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат голем студ, многу дожд и снег над 60 см!

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во нашата Република Македонија и тоа уште од денес (среда 1 октомври) почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во нашата Република Македонија.

Во најголем дел од нашата Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).

Во исто време од исток и од североисток, односно од Русија во нашата Република Македонија ќе продира многу ладен воздух, невообичаен за самиот почеток на октомври и ќе услови засилен ветер од северен правец и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.

Поради понатамошно заладување ноќта четврток кон петок како и во петок (3 октомври) снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови особено во западните и во северните предели од нашата Република Македонија.

И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

Што се однесува до температурите, тие во четврток (2 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во петок (3 октомври) тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На повисоките и планинските места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.

Се на се пред нас е права зима уште во првите денови од месец октомври и температурите ќе бидат потпросечни дури и за повеќе од 10/15 степени што е премногу. Подгответе ја топлата облека и зимските гуми на возилата, и секако бидете крајно внимателни доколку патувате низ планинските превои и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег и снежната покривка, но и поради очекуваната појава на мраз поради минусните температури на воздухот.

МетеоАларм

Next Post
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Препорачани Вести

Израел започна нова воена операција

2 months ago

ВИДЕО: Охрид се претвори во снежна бајка

2 weeks ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.