Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дали сме пред нуклеарна катастрофа? Чернобил повторно во опасност

by Уредник
02.10.2025
in Uncategorized

Нуклеарната електрана во Чернобил остана без електрична енергија поради руско гранатирање во близина на градот Славутич, објави украинското Министерство за енергетика. Иако централата не е во функција, ситуацијата е оценета како изванредна, бидејќи новата безбедносна конструкција која го изолира уништениот четврти реактор останала без струја.

Гранатирањето предизвикало масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Чернихивската област, погодувајќи околу 307.000 корисници. Болниците и критичните институции биле снабдени со генератори, а екипи работат на отстранување на дефектите.

Министерството не посочи дека постои непосреден ризик од зголемена радијација, но предупреди дека напади врз енергетската инфраструктура ја зголемуваат ранливоста на објекти од ваков тип.

Несреќата во Чернобил се случи во април 1986 година и останува најтешката нуклеарна катастрофа во историјата. Околу реакторот беше изграден скафофаг, кој во 2016 година беше заменет со нова конструкција за да се спречи истекување на радијација.

Русија ја зазеде електраната на почетокот на инвазијата во 2022 година, а во февруари годинава руски дрон оштети дел од покривот на новата заштитна структура.

Украинските власти предупредуваат дека секое понатамошно оштетување може да отвори прашања за безбедноста на целиот регион.

Next Post

МБИ10 со пад од 0,19%, обврзничкиот пазар без активности

Судскиот совет измамен за речиси 4.700 евра, пријавена судијка

Препорачани Вести

Пензионер треба да врати речиси 30.000 евра поради грешка во пензијата

2 months ago
НАСА: Ова се земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

НАСА: Ова се земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

12 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.