Connect with us

Република

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од КЗ. Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите на нејзиното потесно семејство, не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно, со што го довела во заблуда Судскиот совет да и исплаќа надоместок на трошоци за превоз согласно точка 4 од Одлуката за начинот на остварување на правата на судиите утврдени во Законот за платите на судиите бр.02-1425/12 од 13.10.2010, а донесена од страна на Судски буџетски совет, согласно одредбите од член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет.

Имено, пријавената Л.Г. во својство на судија од Основен суд Струмица во 2018 година била избрана за член на Судски совет, од редот на судии од апелационо подрачје Штип, при што, согласно член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет, членот на советот има право на надомест на трошоци за превоз во висина од вистинските трошоци за јавен сообраќај. Согласно тоа, пријавената Л.Г. поднела барање, кон кое доставила копија од лична карта, одлука за избор за судија и изјава заверена на нотар дека таа или член од нејзиното потесно семејство немаат стан или куќа во нивна сопственост во местото каде ја извршува функцијата.

Пријавената Л.Г. во 2022 година имала промена на имотна состојба, односно нејзината ќерка се стекнала со недвижен имот-стан во Скопје, но Л.Г. не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет, за што од страна на Судски совет на пријавената за период од септември 2022 година (како месец по стекнувањето на имотот) до декември 2023 година (кога и престанало правото на надомест на трошоци за превоз по нејзино доставено известување на ден 15.01.2024) во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, за кој износ Л.Г. се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судски совет на РСМ.

Advertisement

Република

Битола го одбележа Денот на својот заштитник: Литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битолски

Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.

По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.

Continue Reading

Република

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ТЕТОВО И СЕЛОТО ДОБРОШТЕ

Утре, 19 декември 2025 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од град Тетово и едно тетовско село.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улица 114 кај СИЗ во Тетово.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Доброште, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на старата џамија.

Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани интервенции со цел подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

Continue Reading

Република

Три децении пријателство: Македонија слави 30 години дипломатски врски со 14 земји

Во свечена атмосфера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес беа одбележани три децении од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со 14 земји, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Украина, Казахстан, Монголија, Азербејџан, Литванија и Израел.

Свои обраќања на настанот имаа заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, како и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Во своето обраќање, заменик министерот Димитровски истакна дека денес се слави „триесетгодишно патување на просперитет и взаемно почитување“ кое започнало во 1995 година. „Во тие рани години на нашата независност, секое воспоставување на дипломатски односи беше вистински камен-темелник во градењето на нашата државност. Тие први чекори го одбележаа нашиот непоколеблив пат кон западноевропските вредности и нашите аспирации за интеграција во евроатлантското семејство“, нагласи Димитровски.

Свечениот настан беше прилика да се потсети на значењето на долгорочната соработка и пријателството меѓу Република Македонија и земјите партнери, како и на заедничките вредности кои ги градат меѓусебните односи во изминатите три децении.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг