Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

by Уредник
02.10.2025
in Uncategorized
СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Под влијание на циклонска активност и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија која се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, до крајот на денов како и утре (петок 3 октомври) времето во нашата Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови во западните и во северните предели од нашата Македонија.

Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе биде невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места од Скопје ќе има врнежи од снег. Во Скопскиот регион очекувам локално да наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен а на околните планини ќе се формира снежна покривка.

Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а утре (петок 3 октомври) ќе биде уште поладно со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На планинските и високите места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.

Апелирам доколку патувате низ планинските превои задолжително да понесете со себе зимска опрема и да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради појавата на мраз и обилните врнежи од снег.

МетеоАларм

Next Post
Израел ja пресретна флотилата за Газа – уапсена и Грета Тунберг

Израел ja пресретна флотилата за Газа – уапсена и Грета Тунберг

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Препорачани Вести

negotino

Неготино добива нов лик: Владата инвестира речиси 30 милиони денари во современа урбана заедница

3 weeks ago
Зеленски: Подготвен сум за средба со Трамп, но само под еден услов

Зеленски: Подготвен сум за средба со Трамп, но само под еден услов

5 months ago

Популарни Вести

  • Рекордна заплена на марихуана во Србија: Пет тони дрога пронајдени и петмина осомничени, еден од нив поврзан со македонска компанија за канабис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стотици битолчани ја одбележаа славата на манастирот „Св. Атанасиј“ кај Смолево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран ги прогласи армиите на земјите-членки на ЕУ за „терористички организации“ поради одлуката на Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавените досиеја за Џефри Епштајн откриваат нови детали за неговата елитна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската Народна Партија во Загреб ја отвори дебатата за евентуален европски нуклеарен штит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.