Connect with us

Македонија

Селото Буково: Историја, култура и природна убавина под Баба Планина

Буково e село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Сместено е на огранките на Баба Планина, во близина на областа Пелагонија.

Буково е ридско село, расположено на надморска височина од 720 метри. Поради близината со градот Битола, Буково е дел од неговата рурбална зона, односно тоа е населбата Буковски Ливади во подножјето на Баба Планина, веднаш под селото Буково. Атарот на Буково зафаќа површина од 17,9 км2, од кои обработливото земјиште 913 ха, пасиштата 591,8 ха и шумите 146,3 ха. Во непосредна близина на селото Буково се наоѓа археолошкото наоѓалиште на античкиот град Хераклеја основан од Филип II Македонски.

Како легенда се пренесува дека првите семејства иле населени од многу поодамна изгореното село Неољани, што се наоѓало во близина од околу еден километар западно од сегашното Буково, во почетокот сместено во подножјето на буковските планини – Стар Забел и Неолица, покрај реката Киндирка, што се формира од прочуените извори на Дванаесетте Кладенци. Постојат остатоци и од стара црква, за која постојат податоци. Се претпоставува дека горната десна маала на Буково била населувана и од жители, од старото, многу одамна иселено село Магарево, од кое и денес можат да се забележат распаднати ѕидишта. Таа месност сега е под ливади и се вика Магарешки Ливади, а се наоѓа покрај Стара Река, што извира во буковско-ореовските планини, на околу 1,5 километри над сегашното Орехово, кое исто така е населено од жителите на Магарево. Ова дотолку повеќе е за верување оти Орехово во ништо не се разликува од Буково, ни по говорни особини, ни по обичаи, ниту по било што друго. Има верзија што е, исто така за верување, дека сегашното Буково посебно неговата долна маала била населена од старото иселено село викано Селиште, што се наоѓа десно од Стара Река, непосредно до сегашната црква – капела викана „Пречиста“. И тука сега можат да се сретнат остатоци од ѕидишта. За населувањето на долните маала на селото Буково можат да се сретнат остатоци од ѕидишта. Држи место и претпоставката дека Буково било населувано и од избегани жители од античкиот град Хераклеја по неговиот земјотрес, по кое и територијата од тој град станала сопственост на селото Буково. Првите пишани историски документи во кои се споменува Буково се турските сиџили од 26 јуни 1607 година, во кој се споменува земањето заем на жител – железар од селото.

Во XIX век, Буково било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов – Џинот во својот напис „Манастир (Битоља)“ објавен во „Цариградски весник“ на 8 јануари 1855 година споменува дека градот Битола кој е најдревниот град во Македонија Пелагониска после Христа од словенските цареви го добил името Манастир и Буково , а не Битола кое е непознао име во старините (историските извори). Голема е веројатноста Јордан Хаџи-Константинов – Џинот да ја извел оваа претпоставка поради непосредната близина и поставеноста на остатоците од древниот град Хераклеја Линкестис токму помеѓу градот Битола и селото Буково. Понатаму во написот за селото Буково стои дека тоа се наоѓа на ½ час од градот Манастир (Битола) и во него е прекрасниот манастир со храмот на Успение на пресвета Богородица соѕидан од царот Стефан Силни (Душан). Сите манастирлии (битолчани), христијани и Турци, во летно време повеќе таму одат на прошетки и веселби. Во тој манасир имало повеќе до 20 товари стари ракописи, но во оа време ни славјански свештеник не сакале, а камо ли славјанска книга да осттане со нашите пергаменти[5]. Во тоа врее во Буково постоело грчко пеење (богослужба) со еден свештеник родом Цинцарин (Влав).

Во својот најсветол период Буково имало 5000 жители а училиштето над 600 ученици. Во Кралска Југославија, Буково било општина и било двапати посетено од југословенскиот цар Александар I како најуредно село во Југославија. Во првата половина на XX век и дел од втората поголемиот дел од населението заминува на печалба во Австралија, САД, Канада и европските земји.

Ова е верзијата која се употребувала во периодот кога Македонија била во рамките на Југославија, заради тогашното комунистичко владеење и дискриминација на искаживање и етничка самоопределба. На овој простор живеел народ и пред тоа, односно историските корени водат од иселувањето на античкиот град Хераклеја. При крајот на VI век животот во Хераклеја згаснува со доаѓањето на Словените и се создава едно мешање на народите и населување на просторите околу Буково, заради што во подоцнежниот период жителите на Буково стануваат големи земјопоседници, вклучувајќи ја и самата Хераклеја и голем дел од Пелагонија, градот Битола и шумскиот простор над Буково. Заради својата сратешка местоположба и бројноста на жители, Буково било окупирано од сите окупатори и оставиле свои траги како на пр. бугарски и француски конзулат, грчка школа, српска тортура и асимилација. Во Буково исто така останала и чешмата која се наоѓа на средина од селото која е подигната во чест на убиените во втората светска бојна.

За славното минато и материјалното богатство на жителите на Буково сведочи и архитектурата на некои од постарите куќи, која е градска и во барокен стил како куќите на Широк Сокак во Битола. Останатите куќи кои се изградени од делкан камен исто така се забележителни со својата импозантна големина од 2 и 3 катови. За духовното и културното минато на Буково сведочи буковскиот манастир „Свето Преображение“ кој иако е возобновен во 1837 година на темели на постарата црква, се споменува во записи од XVI и XVII век.

За потеклото на името на Буково, најверојатна е претпоставката дека тоа потекнува од името на дрвото бука, кога е го има во изобилство на падините на Пелистер околу самото село Буково.

Селото Буково е познато по буковската црвена пиперка.

Македонија – Бисер на Балканот

Advertisement

Македонија

Констатирани неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи

Вонреден инспекциски надзор спроведен од Фондот за здравствено осигурување утврди неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи низ Северна Македонија, од кои две се во Скопје. Надзорот бил извршен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета.

Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, инспекцијата опфатила вкупно 37 јавни здравствени установи – 29 надвор од Скопје и осум во главниот град. Во 23 институции не биле утврдени недостатоци, додека во 14 биле констатирани сериозни неправилности.

Според Клековски, седум установи работеле со интерни ценовници кои немале одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тој нагласи дека не станува збор нужно за штета по пациентите, но дека ценовниците не биле официјално усвоени.

Во две институции било утврдено погрешно фактурирање кон Фондот, додека уште две фактурирале услуги за кои немале дозвола. При теренските контроли биле откриени и посериозни пропусти – во една установа надвор од Скопје немало лекови против болки, а резервите на лекови во Итната помош биле под минималниот потребен праг. Во друга институција, пак, воопшто немало медицински екипи за обезбедување на здравствени услуги.

На сите установи кај кои се утврдени неправилности им е даден рок од два месеци за нивно отстранување, по што ќе следи повторна контрола. Клековски посочи и дека Фондот не бил навреме информиран дека службата за домашна посета во Шуто Оризари е целосно затворена поради недостаток на персонал.

Continue Reading

Македонија

Вишото јавно обвинителство има нова шефица: Наташа Крстевска Цалева ја презема должноста

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, со мандат до избор на нов шеф, но не подолг од шест месеци.

Одлуката беше донесена на 33-тата седница на Советот, одржана на 12 декември 2025 година, со почеток во 10:30 часот. Назначувањето на Крстевска Цалева беше единствена точка на дневниот ред на седницата.

„На 33-тата седница одржана на ден 12.12.2025 година, со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, по усвојувањето на дневниот ред, донесе одлука за определување на вршител на должност Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, така што за вршител на должност се избира Наташа Крстевска Цалева – јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, до избор на Виш јавен обвинител, за време не подолго од шест месеци“, се наведува во соопштението.

Именувањето следи по престанокот на функцијата на дотогашниот шеф на ВЈО Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој поднесе оставка на 9 декември. Тој претходно беше суспендиран поради поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Штип за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Наташа Крстевска Цалева и претходно ја извршуваше функцијата в.д. Виш јавен обвинител, во февруари годинава, за време на суспензијата на Хајрулахи.

Continue Reading

Македонија

Се што треба да знаете за „Safe City“

Казнувањето на сообраќајните прекршоци преку системот „Безбеден град“ официјално ќе започне на 1 февруари, наместо на првично најавениот датум 1 јануари. Одложувањето е потврдено за ТВ21 од помошник-заменик министерот во МВР, Мухамет Исмаили, кој објасни дека причина за пролонгирањето е потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури.

„Од 01.02.2026 системот SafeCity целосно ќе биде ставен во функција во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 10 и 8, додека во другите градови се предвидува да започне во текот на 2026 година“, изјави Исмаили.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат и можност за одредена толеранција кај ограничувањата на брзината. „Треба да ги почитуваме ограничувањата – 50 км/ч за урбани подрачја значи 50 км/ч. Секако дека и ние ќе внимаваме, исто како што прават и сите европски градови каде што имаат свои параметри за толеранција – таква толеранција ќе има и кај нас“, изјави Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје.

Системот „Безбеден град“ ќе работи со фиксни камери кои ќе регистрираат пречекорување на брзината, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и други прекршоци. Дополнително, специјализирани полициски возила ќе идентификуваат неправилно паркирање и останати нарушувања на сообраќајните правила.

Целта на новиот систем е до 2030 година да се преполови бројот на сообраќајни несреќи во државата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг