Економија
Скриената хидроенергија во цевките: струја што веќе тече низ градот
Искористување на хидроенергијата која е скриена во секојдневното живеење е добро позната пракса во светските метрополи, каде се работи на тоа да се препознае и искористи секој потенцијал што веќе постои и да се вклопи во електроенергетскиот систем. Водоводните инсталации и прочистителните станици се еден таков потенцијал. Во секој град водата патува низ километри цевки за да стигне до потрошувачот. Мрежата е под постојан притисок, кој од безбедносни причини се редуцира и испушта неискористен. Системот вообичаено дозволува енергијата да исчезне како топлина и турбуленција во цевките.
Во Европа последнава деценија се искористува и оваа енергија за производство на струја. Во цевките се вградува мала турбина што го претвора вишокот притисок од цевките во електрична енергија. Овој пристап се вика in-pipe хидро и доаѓа во две главни форми — компактни микротурбини и решенија каде пумпа работи како турбина кога водата тече наназад низ неа. Но и двете даваат доволно електрична енергија, на пример за работењето на самата прочистителна станица.
Двојната предност системите низ Европа
Предноста на овие системи е што се се случува во цевководите што веќе постојат. Второ, турбината истовремено го редуцира притисокот што вообичаено се појавува во цевките и го одржува безбеден. Со стабилен притисок цевководната мрежа трпи помал стрес, се намалуваат истекувањата и се продолжува животниот век на инфраструктурата. Така, градот добива и струја и подобра водоводна мрежа во ист потег.
Ако се разгледа европската практика за искористување на овој потенцијал, се доаѓа до многу едноставен заклучок дека истражувањата се реализирани преку имплементирани системи пред повеќе од една деценија. На пример во Италија, близу Палермо на Сицилија на малата градска мрежа пред една деценија е тестирано и моделирано заменување на редуктори со систем „пумпи како турбини“. Студијата покажала дека во мрежата се „крие“ распрснат потенцијал кој кога се искористува не се нарушува притисокот. Паралелно се спроведени истражувања и во Португалија на системот по должина од изворот Алвиела и доводите кон Лисабон, при што е развиен модел како системот да биде и самоодржлив. Вградувањето на мали турбини во транспортните цевководи ќе обезбеди чиста струја без да се наруши снабдувањето со вода.
Хидроенергетската „берба“ во Аликанте во Шпанија е на излезниот дел од пречистителната станица, каде е вградена пикотурбина за демонстрација на енергетски поврат со мал капацитет, со цел да се покаже дека и отпадните води носат искористлива хидрауличка енергија на стабилни падови.
Како пример на систем кој е корисен за алпски и предалпски градови се користи Фрибур, во Швајцарија каде водоснабдувањето на градот обезбедува од 5 до 25 киловати по точка и порамномерен притисок во цевководот. Во искористувањето на оваа енергија не заостанува ни Германија.
Важно е што профилот на производство е стабилен, а таму каде струјата се создава — обично и се троши, во пумпни станици и пречистителни постројки. Со тоа, се намалуваат загубите во пренос и се намалува потребата од купување струја.
Од тренд до рутина – како градовите го воведуваат системот
Според овие искуства искористувањето на оваа енергија постепено поминува во тренд. Десетици градови низ Европа веќе тестираат или користат in-pipe решенија во водоводи и пречистителни станици и бележат локално производство на струја со порамномерен притисок во мрежите. Промената на системот почнува со краток скрининг што операторите го прават. Тоа се реализира во период од неколку недели на местата каде рутински се спушта притисок (редуктори, пумпни станици, стабилни падови), и ги избираат 3–5 први точки каде треба да се вградат турбини паралелно со постојните уреди за да нема ризик по снабдувањето. Потоа се поставува и системот за надзор (SCADA) и се мери со едноставни показатели: колку киловат-часови се добиени, колку опаднале „врвовите“ на притисок и истекувањата, и колку пари заштедиле објектите. Најголем ефект се постигнува кога струјата прво се троши на лице место (пумпи, аерација), а ако има вишок и регулативата дозволува, се порамнува преку нето-метирање или договор со снабдувач. Со ваков „микро-пакет“ од неколку точки, градот практично ја преведува идејата во рутина: стабилен слој локална енергија и посмирен притисок — без брани и без нови зафати.
Микротурбини во САД генерираат доволно струја за градска спортски комплекс
Истата пракса ја има и во САД. Во Портланд има четири вакви турбини вградени во главниот водовод. Системот е со моќност од околу 200 киловати и годишно произведува приближно 900 мегават-часови струја што е доволно за снабдување на околу сто домаќинства.
Во соседниот град Хилсборо, турбината е вградена директно во редукторот на притисок и добива повеќе од 200 илјади киловат-часови годишно. Таа енергија се порамнува со потрошувачката на локален спортски комплекс, што значи директно намалена сметка за јавна установа, без да се оптоварува пошироката мрежа.
Овие системи се најчесто мали објекти со под 1 мегават по локација. Не складираат вода, не пумпаат наназад и нема големи акумулации. Силата им е во бројот и распрснатоста. Наместо една голема брана, добивате многу мали енергични точки, паметно распоредени на места со стабилен пад на притисок.
Влијанието во електроенергетскиот систем
Влијанието е локално, но стабилно. Производството е „во подножје на потрошувачот“, односно кај пумпни станици, пречистителни капацитети, спортски комплекси, што ја намалува трансформацијата и преносните трошоци. Второ, уредите истовремено управуваат со притисок, што ги намалува загубите на вода и експлоатациониот стрес во цевководите. Регулаторно, овие објекти се третираат како мали обновливи извори со соодветни регулаторни решенија.
Скриената хидроенергија во цевките е ретка можност каде инженерската едноставност се претвора во видлива добивка: повеќе локална струја, помал притисок врз мрежите и помали сметки за струја за операторите на системот. Искуството од градовите што веќе ја применуваат покажува јасен пат: краток скрининг, неколку први точки, мерење на резултати и постепено проширување. Тоа ја прави оваа технологија идеална за „мали, но сигурни“ чекори: секоја нова турбина е уште еден стабилен извор во градот и уште една поправилно управувана водоводна зона. Претворањето на изгубениот притисок во корисна енергија, обезбедува и подобри услуги, понизок оперативен трошок и похармонично вклопување на обновливите извори во секојдневниот живот — струја што веќе тече, само конечно ставена во работа.
You may like
-
Binance доаѓа во Скопје: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!
-
Радев: Уставното признавање на Бугарите ќе ја забрза евроинтеграцијата на Македонија
-
Црна Гора ја напуштија скоро 9.000 Турци откако беа воведени визи. Во меѓувреме, 31 турска компанија стави клуч на врата
-
„Прилепска празнична приказна“ – Проданоски повикува на забава за сите генерации
-
РКЕ со нова одлука: Од 1 јануари се намалуваат трошоците за пренос и дистрибуција на електрична енергија
-
Николоски: Македонија одамна заслужува старт на преговорите за членство – ЕУ треба да даде јасна и конкретна визија за нашата иднина
Економија
Binance доаѓа во Скопје: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите!
Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје.
На настанот, крипто-ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални средства и блокчејн технологии ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата, да научат како да заработуваат безбедно преку Binance екосистемот, да се поврзат со луѓе со слични интереси и да станат дел од меѓународната Binance заедница.
Присуството на собирот е бесплатно, но поради ограничениот број учесници, потребна е претходна регистрација на следниот линк: https://www.binance.com/en/events/skopjemeetup.
По воведното обраќање, на настанот ќе има преглед на активностите, мисијата и визијата на Binance во Северна Македонија и регионот, ќе се одржи презентација на најновите производи и начини за заработка преку Binance екосистемот и BNB токенот, ќе се зборува за процесот за приклучување во Angels програмата, а присутните ќе имаат можност да учествуваат во интерактивен квиз и да освојат ексклузивен Binance подарок.
„Со организацијата на овој настан, сакаме да ја доближиме Binance заедницата до крипто ентузијастите во Северна Македонија, да поттикнеме едукација и споделување на знаење, и да изградиме мост кон нови можности во дигиталната економија“, велат од Binance.

За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат околу 300 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото како основно средство.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.binance.com
Економија
РКЕ со нова одлука: Од 1 јануари се намалуваат трошоците за пренос и дистрибуција на електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука со која од 1 јануари 2026 година се намалуваат трите клучни ставки што влијаат врз крајната цена на електричната енергија. Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%, надоместокот за преносниот систем на МЕПСО се намалува за 2,67%, а цената на услугите на МЕМО опаѓа за 3,40%.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека со оваа одлука сега се познати сите елементи што ја формираат крајната цена на струјата – цената и количината на набавената електрична енергија, услугите на мрежните оператори и затворените набавки за загуби. Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, под надзор на РКЕ, треба да ја направи пресметката и да ги објави финалните цени по тарифни блокови.
Бислимоски посочи дека делот кој РКЕ го регулира има влијание од околу 36% врз крајната цена на струјата.
Во структурата на крајната цена, надоместокот за електродистрибуција учествува со околу 33%, надоместокот за преносниот систем со околу 4%, додека услугите на МЕМО имаат минимално учество од 0,19%.
Конечната цена за домаќинствата ќе биде позната по пресметката на ЕВН ХОМЕ, која треба да биде објавена во наредниот период.
Економија
Европол урна меѓународна група што испрала 700 милиони евра во крипто-измами
Европол соопшти дека е разобличена една од најголемите мрежи за измами со криптовалути во Европа, преку која криминалците испрале над 700 милиони евра користејќи сложен систем од крипто-берзи и напредни техники за дигитална анонимност.
По повеќегодишна истрага, минатиот месец беа спроведени координирани полициски акции во повеќе држави. Истражителите утврдиле дека мрежата намамила илјадници жртви преку голем број лажни платформи за тргување со криптовалути, со реклами што лажно гарантирале висок и брз профит.
Откако потенцијалните инвеститори ќе се пријавеле, операторите од кол-центрите користеле техники на социјално инженерство за да ги убедат да вложат сè поголеми износи. На корисниците им биле прикажувани лажни добивки и фиктивни приноси со цел да продолжат да инвестираат, додека нивните средства биле префрлани и перани преку мрежа од различни блокчејн-технологии и меѓународни берзи.
Првата фаза од операцијата се одвиваше на 27 октомври, кога по налог на француските и белгиските власти беа извршени рации во Кипар, Германија и Шпанија. Уапсени се девет лица под сомнение за перење пари, а запленети се средства од неколку милиони евра – 800.000 евра на банкарски сметки, 415.000 евра во криптовалути, 300.000 евра во готово, како и повеќе дигитални уреди и луксузни часовници.
Втората фаза следеше на 25 и 26 ноември и беше насочена кон маркетиншката инфраструктура што ја поддржувала измамата. Во Белгија, Бугарија, Германија и Израел беа изведени нови рации против компании и поединци одговорни за создавање и ширење на лажни рекламни кампањи на социјалните мрежи.
Европол најави дека истрагата продолжува, со цел целосно да се демонтира криминалната структура и да се идентификуваат сите инволвирани лица.
Трендинг
-
Република3 days agoТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА
-
Црна Хроника7 days agoСообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово
-
Технологија6 days agoНа ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите
-
Црна Хроника5 days agoПолициска акција во Скопје – МВР со детали
-
Република4 days agoУтре големи прекини на струја во Тетово и тетовско
-
Црна Хроника2 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoСкандал во клиничкиот центар Тетово: Полицијата го истражува случајот
-
Магазин3 days agoРазрешена вековната дилема: Научниците конечно потврдија каде е погребан Филип Втори Македонски















