Connect with us

Економија

Македонијатурист со блок-зделки над 1 милијарда денари ја одбележа неделата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 29 септември до 3 октомври 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 349 трансакции со вкупна вредност од 87,45 милиони денари и обем од 89.905 хартии од вредност, без да се пресмета обемот од блок-зделките. Вкупниот промет заедно со блок-трансакциите достигна над 1,12 милијарди денари, со што неделата беше обележана како една од најликвидните во последниот период. Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пад од 0,97%, на ниво од 10.257,10 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 128,27 поени.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 24.447.279 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 11.449.769 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 14.858.984 денари

Топ добитници

● Тетекс АД Тетово (TETX) +4,83%

● Шпаркасе Банка АД Скопје (SPB) +4,40%

● Реплек АД Скопје (RPK) +3,03%

Топ губитници

● Реплек АД Скопје (RPK) –2,50%

● Гранит АД Скопје (GRN) –2,07%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,42%

Блок-трансакции

● Македонијатурист АД Скопје (MTUR) – 1.017 милијарди денари (четири блок-зделки)

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 8,58 милиони денари (две блок-зделки)

● ВВ Тиквеш АД Кавадарци (TIKV) – 5 милиони денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 2,3 милиони денари

Обврзнички пазар

Во текот на неделата беа реализирани три трансакции со државни обврзници за денационализација во вкупен износ од 4,55 милиони денари. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени.

Неделата од 29 септември до 3 октомври 2025 година беше исклучително ликвидна, со историски висок вкупен промет благодарение на серијата блок-зделки со Македонијатурист. На официјалниот пазар најактивни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои заедно остварија најголем дел од прометот. Индексот МБИ10 заврши со пад од 0,97%, под влијание на негативните движења кај Стопанска банка, Гранит и дел од фармацевтскиот сектор. Обврзничкиот пазар остана со минимална активност.

Advertisement

Економија

Унгарската МОЛ со амбиции да преземе дел од „Лукоил“

Унгарската енергетска компанија МОЛ изразила интерес за купување на дел од меѓународните средства на санкционираниот руски нафтен гигант „Лукоил“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите. Со тоа, МОЛ се приклучува на сè поголемиот круг потенцијални купувачи заинтересирани за имотот на „Лукоил“ во странство.

Санкциите што САД ги воведоа во октомври врз најголемиот приватен руски производител на нафта имаат за цел да извршат притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина. Како резултат, „Лукоил“ беше принуден да стави на продажба значаен дел од своите странски операции, а моментално преговара со „Ексон Мобил“, „Шеврон“ и инвеститори од Блискиот Исток. Вашингтон претходно ја одби швајцарската компанија Гунвор како можен купувач.

Странските средства на „Лукоил“ со седиште во Виена опфаќаат рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико, како и широка мрежа бензински пумпи ширум светот. Според еден од изворите на Ројтерс, МОЛ е заинтересирана за европските рафинерии и продажната мрежа на „Лукоил“, како и за удели во капацитетите за производство во Казахстан и Азербејџан.

Американското Министерство за финансии одбило да даде коментар, а МОЛ и Белата куќа не одговориле на новинарските прашања.

Унгарија значително се потпира на руската енергија, а премиерот Виктор Орбан, кој е 15 години на власт, настојува да одржува балансирани односи со Москва и Вашингтон. Ројтерс потсетува дека МОЛ е заинтересирана и за купување на српската рафинерија НИС, која исто така е под американски санкции и се наоѓа под руска контрола.

Continue Reading

Економија

Глобалните трошоци за храна продолжуваат да се намалуваат и во ноември

Цените на храната на светските пазари продолжија да паѓаат и во ноември, трет месец по ред, при што најголем пад е забележан кај млекото, млечните производи и растителните масла, соопшти агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Според новите податоци на ФАО, во октомври цените се намалија за 1,6 проценти на месечно ниво, додека во ноември индексот на цените на кошничката основни прехранбени производи изнесувал 125,1 поени, што е за 1,2 проценти пониско од октомвриското ниво.

Индексот покажува дека глобалните цени на основните прехранбени производи се пониски за 2,1 процент споредено со истиот период лани, јавува Хина.

Најголемо намалување е забележано кај шеќерот – пад од 5,9 проценти во однос на октомври, како резултат на очекуваната силна понуда и високо производство во Бразил, Индија и Тајланд.

Цените на млекото и млечните производи се намалени за 3,1 процент, пред сè поради падот кај путерот и полномасното млеко во прав, поддржан од зголемено производство и изобилство на понуда во главните светски региони.

Растителните масла поевтинија за 2,6 проценти, при што особено се издвојува сончогледовото масло, чии цени паднале поради подобрената понуда од регионот на Црното Море.

Месото е поевтино за 0,8 проценти, што се должи на пониските цени на живинското месо поради изобилна понуда и засилена глобална конкуренција. Пад е забележан и кај свинското месо, како резултат на слаба побарувачка во Европската Унија и кинеските тарифи кои го ограничуваат увозот.

За разлика од другите категории, цените на житарките пораснаа за 1,3 проценти во споредба со октомври. Цената на пченицата скокна за 2,5 проценти поради стравувањата дека конфликтите во регионот на Црното Море би можеле да го нарушат снабдувањето и да ги намалат засадените површини во Русија.

Continue Reading

Економија

39 домашни компании добија 12,7 милиони евра од унгарски кредит

Развојната банка ја исплати седмата транша од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите, во износ од 12,7 милиони евра, која е наменета за 39 одобрени проекти на домашни фирми. Исплатата е реализирана преку деловните банки.

Средствата се распределуваат за проекти на едно микро, 21 мали, девет средни и осум големи компании. Најголемиот дел од средствата, 12,2 милиони евра, се наменети за инвестиции во градежи и опрема, додека 243 илјади евра се за обновливи извори на енергија, а 300 илјади евра за транспортни средства. Најголем дел од средствата одат кон 21 проект на компании со претежна производствена дејност.

Со оваа транша, Развојната банка досега исплатила вкупно 203,3 милиони евра кон деловните банки од предвидените 250 милиони евра, со што се поддржани 721 проект на домашните компании.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг