Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Проданоски најавува модернизација на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп

by Уредник
04.10.2025
in Uncategorized

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, го презентира својот проект за целосна реконструкција на улицата „Александар Македонски“, една од најважните сообраќајни артерии во градот.

Проданоски посочи дека улицата денес е тесна и небезбедна за возачите, пешаците и велосипедистите, што не одговара на потребите на еден модерен и развиен Прилеп. Проектот предвидува целосна промена и ќе биде од големо значење за бизнис секторот и развојот на стопанството на оваа страна од градот.

Реконструкцијата ќе се реализира во две фази: првата опфаќа делницата од крстосницата кај Чумовчани до ресторанот „Анита“ во должина од 1.200 метри, додека втората фаза ќе ги опфати 3.200 метри од „Анита“ до Ново Лагово. Предвидени се тротоари од двете страни, современи велосипедски патеки и кружен тек кај „Димо Наредникот“ за побезбеден и поефикасен проток на сообраќајот.

Дополнително, ќе се изврши целосна замена на водоводната и канализационата линија, ќе се постават нови рабници и сливници, а шахтите ќе добијат самонивелирачки капаци за поголема трајност и безбедност.

Проданоски истакна дека со реализацијата на овој проект секој учесник во сообраќајот ќе има свој простор – пешаците безбедни тротоари, велосипедистите современи патеки, а возачите широка и уредена улица.

„Оваа инвестиција ќе биде еден од симболите на новиот, модерен и европски Прилеп, со инфраструктура која му служи на секој граѓанин“, рече Проданоски.

Видеото може да го погледнете тука

Next Post

Тоневски: Урбанизација, нови работни места и развој на туризмот – визијата за напреден Пробиштип

Лишен од слобода крадец во Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор

Лишен од слобода крадец во Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор

Препорачани Вести

Украинската разузнавачка служба објави видео од нападот врз руски авиони

8 months ago

Вкупен промет од 44,4 милиони денари на 20 јуни 2025

8 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.