Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Дарио Ивановски го освои Скопскиот маратон со моќен финиш

by Уредник
05.10.2025
in Uncategorized

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, триумфираше на Скопскиот маратон со време од 2:14,50 часа, оставувајќи ја зад себе конкуренцијата од Кенија и други држави.

Ивановски ја темпираше трката беспрекорно – долго време беше во водечката група, потоа падна на втората позиција, но со моќен финиш го престигна кениецот Џулијан Кипкоеч и по вторпат се закити со титулата на домашниот маратон. Кипкоеч заврши втор со заостанување од 30 секунди, а третото место му припадна на грузискиот Давити Каразишвили.

Во женска конкуренција победничка беше Кенијката Ирине Џеруто, додека второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со време 2:45:36 часа, а третата беше Ана Јусупова од Азербејџан со 2:48:10 часа.

Во полумаратонската трка, најбрзо време постигнаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција. Имери ја истрча патеката за 1:07:57 часа, а македонските натпреварувачи Иван Пешовски и Александар Арсов завршија втор и трет со 1:11:30 и 1:12:52 часа. Во женска конкуренција, Греса Бакрачи од Косово ја освои победата, додека Теа Божиновска и Милјана Ристиќ-Стојчевска ја пополнија победничката тројка.

На најмасовната трка од пет километри, учествуваа околу 10.000 учесници, а победата им припадна на Григоријан Никовски и Ирма Хајдари. Во штафетниот маратон „ЕУ за спорт“, победници во машка конкуренција беа „Врањски маратонци“ со време од 2:26:34 часа.

Next Post

Дел од Центар утре без вода поради дефект на водоводната мрежа

Трамп се закани со „целосно уништување“ !

Препорачани Вести

ВИДЕО: Проданоски најави два големи капитални проекти кои ќе ја трансформираат сообраќајната мрежа

4 months ago

Пијан возач со 3,37 промили доби 5.000 евра казна и затвор од шест месеци

6 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.