Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СЗО предупредува: Над 15 милиони тинејџери ширум светот користат е-цигари

by Уредник
06.10.2025
in Uncategorized

Според првата глобална проценка на Светската здравствена организација (СЗО), најмалку 15 милиони тинејџери на возраст од 13 до 15 години користат е-цигари, а младите „вејпаат“ девет пати почесто од возрасните во земјите каде што постојат релевантни статистички податоци.

Во светот денес повеќе од 100 милиони луѓе користат е-цигари, од кои најмалку 86 милиони се возрасни, претежно во земји со висок приход. Податоците се објавени во време кога глобалната употреба на тутун продолжува да опаѓа – бројот на корисници на тутун паднал на 1,2 милијарди во 2024 година, од 1,38 милијарди во 2000 година.

Етиен Круг, директор на одделот на СЗО за здравствени детерминанти, истакнува дека е-цигарите создаваат „нов бран на зависност од никотин“. „Овие производи се презентираат како ‘помала штета’, но всушност децата порано се навикнуваат на никотин, што го загрозува долгорочниот напредок во јавното здравје“, предупредува Круг.

Иако некои студии покажуваат дека е-цигарите можат да помогнат на возрасните пушачи да се откажат од тутунот, недостасуваат доволно податоци за долгогодишните ефекти врз здравјето.

СЗО исто така предупредува дека речиси секоја петта возрасна личност во светот и понатаму користи тутунски производи, со највисока застапеност во Европа (24,1% пушачи), при што европските жени се рекордерки со 17,4% користење на тутунски производи. Организацијата повикува на построга примена на мерки за контрола на тутунот и регулација на новите никотински производи, вклучително и е-цигарите.

Next Post

Филмска бркотница во Скопје: Ренџ Ровер заврши во ендек, се слушаа пукотници

Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за вторник - 7 октомври: Еден знак го очекува финансиски напредок

Препорачани Вести

Ова ќе биде најтешкиот предизвик и најголемиот проблем за Зеленски од почетокот на војната

Ова ќе биде најтешкиот предизвик и најголемиот проблем за Зеленски од почетокот на војната

9 months ago

Меџити: Со новиот закон ставивме крај на неправдата кон Медресејата Иса Беу

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.