Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ветото оди во историја: ЕУ подготвува промена на правилата за забрзано проширување

by
2025/10/06 13:51:46
in Uncategorized

Предлог за промена на начинот на донесување одлуки во пристапниот процес на земјите кандидатки за членство во Европската Унија е веќе доставен до Европската комисија. Словенија, Германија, Австрија и Италија испратиле писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со иницијатива за воведување квалификувано мнозинство при донесувањето на технички одлуки во преговорите. Целта е забрзување на процесот на проширување и избегнување на билатералните блокади кои со години го кочат европскиот пат на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, како и на Украина и Молдавија.

Иницијативата веќе ја поддржале 16 земји членки, а според Австрија и Словенија, оваа промена ќе овозможи поефикасен и поправеден процес.

Австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, и словенечката државна секретарка за европски прашања, Нева Грашич, денеска од Скопје порачаа дека Европската Унија мора да најде нови начини за надминување на долгогодишните политички пречки.

„Веќе 20 години ѝ ветуваме на Северна Македонија членство во ЕУ. Австрија ќе се заложи за квалификувано мнозинство во процесот на пристапување, со што ќе се намали бирократијата и ќе се избегнат блокади при секој технички чекор“, изјави Плаколм.

Грашич додаде дека иницијативата е особено важна поради променетата геополитичка состојба:

„Проширувањето останува наш приоритет. Сакаме Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан да станат дел од ЕУ до 2030 година. Секое блокирање со билатерални прашања е погрешно и штетно за сите.“

Македонскиот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ги поддржа овие ставови, нагласувајќи дека методологијата на проширување мора да се прилагоди на новите околности.

„Постапката мора да стане поефикасна и да се избегне злоупотреба на билатерални прашања кои го кочат целиот процес. Геополитиката се смени, а и пристапниот модел мора да се смени со неа“, истакна Муртезани.

Австриската и словенечката претставничка ја изразија поддршката за продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија, нагласувајќи дека билатералните прашања не смеат да ја блокираат заедничката европска иднина.

„Секоја рамка која ќе помогне Македонија и Бугарија да напредуваат ја поздравуваме“, рече Грашич, додавајќи дека Советот на ЕУ и Европската комисија веќе покажале подготвеност за поддршка на новиот пристап.

Муртезани потврди дека Владата останува решена да продолжи со реформите и со активен придонес за стабилноста и единството на Унијата.

Next Post
Жена од Скопје изгубила над еден милион денар поради само еден повик – внимавајте на оваа измама

Почна исплатата на социјалните и детските надоместоци за септември

Тетовец извади пиштол и нож пред полиција – следуваше брза акција!

Препорачани Вести

Мајка нападнала малолетна ученичка по расправија меѓу деца во Тетово

3 months ago

Разбојништво во Скопје: скопјанец ограбен и нападнат од две лица

2 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.