Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

by Уредник
07.10.2025
in Uncategorized

Млечната индустрија е една од најстабилните и најприсутните во македонското производство. Од чаша јогурт до парче кашкавал или сирење ‒ млечните производи се дел од секојдневието, но зад тие производи стојат компании што управуваат со милионски обеми, големи производствени капацитети и сериозни пазари. Секторот е концентриран околу неколку клучни компании, но тие го движат пазарот. Според анализата што ја подготви порталот Пари врз база на податоците од Бизнис Мрежа, врвните 10 компании во оваа индустрија во 2024 година направиле вкупен приход од 130,3 милиони евра, со добивка од 6,7 милиони евра, и вработуваат 940 луѓе.

Доминира една компанија, а тоа е Млекара АД Битола, која е лидер во сите три категории: приход, добивка и број на вработени. И останатите играчи носат важна тежина во оваа приказна ‒ некои поради стабилност, некои поради агресивен раст, а некои затоа што од мала основа остваруваат сериозни резултати.

МЛЕКАРА АД БИТОЛА ИМА НАЈВИСОК ПРИХОД

Најголема сила во секторот е Млекара АД Битола, која во 2024 година остварила приход од 48,2 милиони евра, тројно повеќе од следната компанија на листата. Оваа млекарница, позната по својата долгогодишна традиција, производствен капацитет и препознатлив бренд, е столб на македонската млечна индустрија.

Веднаш зад неа е Бучен Козјак од Куманово, и со своето производство на јогурт, кисело млеко, кашкавал, сирење и урда, лани остварила приход од 15,9 милиони евра.

Следуваат Трница од Маврово (11,8 милиони), Здравје Радово (11 милиони) и Лацталис МК (9,2 милиони) – компанија формирана во 1997 година како Идеал-Шипка, која го освои пазарот со млечни производи и во Македонија и во земјите каде што извезува. Со оваа компанија завршува првата петорка.

Во долниот дел од листата се компании со поскромни, но сепак милионски приходи ‒ СЕНТИС АГ, ХИТ 73, ИМВ Велковски, Млечна Индустрија Скопје и Хемипром Свети Николе ‒ кој со 4,8 милиони евра е на десеттото место, но сепак тоа е приход што многу други индустрии не го достигнуваат.

Целиот текст може да го прочитате на pari.com.mk

Next Post

ВИДЕО од пукањето во Куманово

Азири: Османи работи за лична кариера, не за граѓаните на Чаир

Препорачани Вести

10.000 вработени ќе бидат отпуштени од Министерството за здравство на САД!

10 months ago

Уапсен американски војник – се обидел да им предаде тајни за тенковите „Абрамс“ на Русите

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.