Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Светозаревиќ: Ќе изградиме почисто, побезбедно и поуредено Тетово за сите генерации

by Уредник
07.10.2025
in Uncategorized

Бранислав Светозаревиќ, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, на вечерашниот митинг во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакна дека идниот состав на советничката група ќе биде целосно посветен на решавање на клучните проблеми со кои се соочуваат жителите на Тетово.

Тој посочи дека општината аплицирала на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата со 40 проекти во вредност од 13 милиони евра, кои треба да донесат суштински подобрувања во урбаниот развој.

„Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен кон унапредување на квалитетот на живеењето во Тетово. Покрај подобрување на патната инфраструктура, приоритет ќе биде почиста и поуредна средина, решавање на сообраќајниот хаос, воведување на бесплатен јавен превоз, модерно управување со отпадот и обновување на водоводната мрежа“, изјави Светозаревиќ.

Тој најави и серија мерки за младите, меѓу кои отворање на Младински културен центар, Центар за знаење и практични вештини, како и Дигитален центар и Бизнис инкубатор каде ученици и студенти ќе можат да развиваат современи дигитални решенија.

„Со посветеност, труд и визија ќе изградиме Тетово достојно за секој негов жител. Заедно со тимот на советници, нашите коалициони партнери и поддршката од Владата и претседателот Христијан Мицкоски, верувам дека ќе успееме да го направиме нашиот град поубаво и пофункционално место за живеење“, порача Светозаревиќ.

Next Post
Антициклон над источна и североисточна Европа е кривец за ладното време кај нас

Антициклон над источна и североисточна Европа е кривец за ладното време кај нас

Големото враќање на Сатурн: До февруари 2026 година, еден знак започнува ново животно поглавје

Големото враќање на Сатурн: До февруари 2026 година, еден знак започнува ново животно поглавје

Препорачани Вести

Полицијата не запира: Погледнете колку казни напишале полициските службеници во Македонија за само три дена

Полицијата не запира: Погледнете колку казни напишале полициските службеници во Македонија за само три дена

7 months ago

Македонија U15 со втора победа над Косово – убедлив триумф од 4:1 во Скопје

4 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.