Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тошковски: СДСМ со очајнички напади се обидува да избега од одговорност за осум години уништување на државата

by Уредник
07.10.2025
in Uncategorized

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку објава на својот Фејсбук профил остро реагираше на, како што рече, најновиот бран неосновани и политички мотивирани напади од страна на СДСМ. Според него, зад нападите стои обид да се прикрие очајот и стравот од одговорност за осумгодишното уништување на системот и институциите.

„Истите оние кои со години ја рушеа државата, денес се обидуваат да ја избришат сопствената одговорност со папагалско повторување на зборот ‘оставка’, без ниту еден аргумент“, напиша Тошковски.

Тој истакна дека повеќе од една година, СДСМ секојдневно повторува барања за негова оставка, без оглед на темата. „Еден ден тоа е безбедноста, друг ден животната средина, третиот парното во зграда. Не би се изненадил ако утре ме обвинам и за недостиг на сонце во Скопје“, порача министерот, оценувајќи дека партијата со тоа само го потврдува своето политичко очајување.

Тошковски нагласи дека нападите врз него се резултат на фактот што институциите конечно работат независно, а правдата, како што рече, „им тропа на врата на оние кои со години беа недопирливи“.

„Толку ли им пречи што расчистивме 14 криминални банди, што поднесовме кривични пријави против поранешни функционери и директори, и што МВР конечно не е алатка за партиски и бизнис интереси?“, праша Тошковски, додавајќи дека не планира да поднесе оставка.

Министерот потсети дека е првиот во историјата кој преживеал две интерпелации во рок од една година – една од Левица и една од ДУИ – и дека, како што рече, единствено недостасува СДСМ да поднесе трета за да се заокружи „необичната коалиција на очајот“.

„Јас нема да си поднесам оставка. Додека тие се занимаваат со спинови и конструкции, јас ќе продолжам да решавам проблеми и да расчистувам со нередот што го оставија“, порача Тошковски, додавајќи дека на претстојните локални избори граѓаните ќе покажат која страна работела, а која ширела паника и хистерија.

Next Post

Утре без струја делови од Тетово – погледнете дали и вашата населба е меѓу нив!

Утре без струја делови од Скопје – проверете дали и вашата улица е меѓу нив!

Препорачани Вести

Горанците по третпат имаат пратеник во косовското Собрание

Горанците по третпат имаат пратеник во косовското Собрание

11 months ago
Зеленски доби уште едно предупредување: “Ако не ги прифати условите на Русија, ќе следат потешки сценарија”

Зеленски доби уште едно предупредување: “Ако не ги прифати условите на Русија, ќе следат потешки сценарија”

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.