Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Уапсени две лица поради сомнение за малтретирање стари лица во приватни домови во Скопје

by Уредник
07.10.2025
in Uncategorized

Основното јавно обвинителство Скопје, во координација со Министерството за внатрешни работи, спроведе акција по добиени сознанија за можен нечовечен третман кон штитеници во две приватни установи за згрижување на стари лица во главниот град.

Во акцијата, освен Обвинителството и МВР, биле вклучени и инспектори од Министерството за социјална политика, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и Агенцијата за храна и ветеринарство. На терен биле присутни и екипи од Итната медицинска помош, Центрите за јавно здравје и Институтот за судска медицина и криминалистика.

Според Обвинителството, досега се лишени од слобода две лица, а претреси биле извршени на вкупно шест локации поврзани со двете установи. Претресите почнале вчера, а денеска продолжиле на уште две нови адреси.

„Во тек се анализи на прибраните материјални докази и изјави. Институциите ќе продолжат со активностите за целосно утврдување на фактите и евентуалната одговорност во случајот“, соопштија од Обвинителството, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали.

Next Post
Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија поради силни врнежи и поплави

Инфектолог и хирург нападнати во болница – пациентот предизвикал хаос 

Препорачани Вести

ТРАМП СЕРИОЗНО САКА ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД Државниот секретар на САД вели дека нема простор за шегување

12 months ago

Се повлекува познато чоколадо поради салмонела

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.