Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Доктор Зекирија Шаини пуштен на домашно лекување по вчерашниот оружен инцидент во Куманово

by Уредник
08.10.2025
in Uncategorized

Скопје – Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше повреден во оружен напад во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Директорката на клиниката, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, потврди дека пациентот е во добра општа состојба и дека по санирањето на раните е пуштен дома. „Пациентот се чувствува добро. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување“, изјави таа.

Министерството за здравство, преку соопштение, порача дека повредите не биле животно-загрозувачки и дека докторот се опоравува. „Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува какво било насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет“, истакнаа од ресорното министерство.

Инцидентот се случи вчера во 13:54 часот на крстосницата од улиците Димитрије Туцовиќ и 11 Октомври во Куманово, кога две лица од огнено оружје пукале во патничкото возило „Фолксваген Голф“ што го управувал докторот Шаини. Тој првично бил пренесен во Кумановската општа болница за прегледи, а потоа префлен на скопските клиники за понатамошно лекување.

Министерството за здравство нагласи дека ќе продолжи со соработка со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово со цел целосно расчистување на случајот и зајакнување на безбедноста на здравствените работници.

Next Post

Политичка неизвесност во Франција: Ле Пен повикува на оставка или распуштање на парламентот

Третиот најголем американски град е прогласен за воена зона, испратени се трупи, а сега повторно се заканува: „Тие двајца треба да бидат во затвор“

Препорачани Вести

Израел ја засили офанзивата во Газа, евакуирани над 350.000 Палестинци

Израел ја засили офанзивата во Газа, евакуирани над 350.000 Палестинци

5 months ago

Советот на Прилеп ги усвои измените на Буџетот за 2025 година

3 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.