Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски од Шуто Оризари: Културен дом „Есма Реџепова“, нов стадион и социјални мерки за сите граѓани

by Уредник
08.10.2025
in Uncategorized

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети општината Шуто Оризари, каде што ги претстави клучните проекти што се дел од неговата визија за рамномерно и современо развиен главен град.

Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“, кој ќе биде изграден на местото на старото матично. Новиот објект, како што посочи, ќе стане центар на културниот живот во Шуто Оризари и симбол на локалниот идентитет. „Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби и младински активности, но и почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура која со својот глас ја претставуваше Македонија во светот,“ изјави Ѓорѓиевски.

Меѓу капиталните проекти е и изградбата на нов фудбалски стадион, кој ќе содржи современ терен, трибини, соблекувални и осветлување. Според Ѓорѓиевски, стадионот ќе биде место каде младите ќе се натпреваруваат и ќе го развиваат спортскиот дух, но и простор за локални и регионални настани.

Планирана е и целосна обнова на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со реконструкција на терените, нови зелени површини и урбана опрема. „Целта е центарот повторно да стане средиште на спортот, рекреацијата и активниот живот,“ додаде Ѓорѓиевски.

Во својот настап, кандидатот ги претстави и новите социјални мерки што се дел од проектот „Скопје – град кој се грижи за сите“. Програмата предвидува финансиска и психосоцијална поддршка за социјално загрозените граѓани, прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

„Нашата визија е Скопје да расте рамномерно и да создава можности за сите. Градот е силен само ако сите негови општини се силни и поврзани,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека проектите во Шуто Оризари се дел од поширокиот план за подобар и пофункционален главен град.

Next Post
Најбогатиот хороскопски знак во октомври: Ѕвездите му носат пари и стабилен извор на заработка

Најбогатиот хороскопски знак во октомври: Ѕвездите му носат пари и стабилен извор на заработка

Што ќе се случи доколку украинците добијат “томахавк”? Американците објавија мапа – сериозни проблеми за Путин

Што ќе се случи доколку украинците добијат "томахавк"? Американците објавија мапа - сериозни проблеми за Путин

Препорачани Вести

traktor

Евзони без блокади до петок: Непречен премин на границата

1 month ago
Лишени од слобода возачи во Ресен, кичевско и Богданци, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Лишени од слобода возачи во Ресен, кичевско и Богданци, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

3 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.