Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лишени се од слобода возачи во Тетово и Битола за управување возила под дејство на алкохол, во ресенско е запрен возач од Албанија, управувал возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволеното

by Уредник
09.10.2025
in Uncategorized
Лишени се од слобода возачи во Тетово и Битола за управување возила под дејство на алкохол, во ресенско е запрен возач од Албанија, управувал возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволеното

На 08.10.2025 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Х.М.(37) од с.Врањовце, гостиварско. Претходно, тој со неговото патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски таблички на ул.„Страшо Пинџур“ во Тетово учествувал во сообраќајна незгода со друго возило „голф“ во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки и вршење увид констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,20 промили алкохол во крвта.

На 08.10.2025 во 21:23 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Т.(43) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки и при извршено алкотестирање констатирано е дека Д.Т. возилото го управувал со 2,29 промили алкохол во крвта.

На 08.10.2025 во 10:50 часот на на регионалниот пат Ресен – с.Стење, кај с.Горно Перово, полициски службеници од ОВР Ресен при контрола на патниот сообраќај констатирале дека С.Л.(34) од Албанија управувал патничко возило „бмв” со албански национални ознаки со брзина од 100 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 40 километри на час.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Next Post
Во Куманово е лишен од слобода бегалец од затвор, спроведен е во затворот во Охрид за доиздржување на казната

Во Куманово е лишен од слобода бегалец од затвор, спроведен е во затворот во Охрид за доиздржување на казната

Зеленски откри уште еден огромен проблем кој Русија се обидуваше да го прикрие: Кошмарот на Путин се остварува

Зеленски откри уште еден огромен проблем кој Русија се обидуваше да го прикрие: Кошмарот на Путин се остварува

Препорачани Вести

Сини или сиви усни: Еве кога итно мора да посетите доктор

Сини или сиви усни: Еве кога итно мора да посетите доктор

10 months ago
Претрес во Пробиштип, приведени две лица

Физичка пресметка во угостителски објект на Средно Водно

5 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.