Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нова драма во случајот Штекли

by Уредник
09.10.2025
in Uncategorized

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица во случајот „Штекли“, во кој обвинетиот Раде Трајковски Штекли се соочува со обвинение за организиран криминал. Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука на следното рочиште закажано за 13 октомври 2025 година.

На рочиштето сведочеше психијатриското вешто лице Оливера Поповска од Психијатриската болница Скопје, која изјави дека Штекли е во добра психичка состојба. Таа посочи дека, иако постојат знаци на „магиско мислење“, тоа не претставува халуцинации и не може да се дијагностицира шизофренија. Поповска забележа одредени карактеристики на дисоцијалност и шизотипни црти, кои не исполнуваат критериуми за шизотипно растројство.

Адвокатот на обвинетиот, Сашко Дуковски, остро реагираше на вештиот наод, истакнувајќи дека не е дозволено самостојно издавање наредби за нови вештачења од страна на обвинителството, туку тоа може да одобри само Судечкиот совет.

Главната расправа за случајот продолжува на 13 октомври. Обвинението опфаќа десет лица, по речиси едногодишна истрага која вклучувала посебни истражни мерки. Претходно, седум обвинети склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Според Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги за набавка и продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана, а комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat. Клучни докази биле обезбедени со системот „Cellebrite“ за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Next Post

Париз во тревога: Експлозија во телекомуникациски центар и голем прекин на интернетот

Паднаа првите банкарски гаранции на овие компании во енергетиката – активирани над 2 милиони евра

Препорачани Вести

Зеленски го изненади светот: “Ќе преговараме за територијата, но под еден услов”

Зеленски со нови закани за Русија

2 months ago

Ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија – Апелација ја уважи жалбата на обвинителството

8 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.