Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Претседателот предупреди: „Отворено е ново воено сценарио! Го погодивте нашиот брод“

by Уредник
09.10.2025
in Uncategorized

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека бродот кој неодамна бил погоден со проектили од страна на американската војска бил колумбиски и дека во него имало колумбиски државјани. Белата куќа ги отфрли овие тврдења како „неосновани“.

Во последните недели, САД нападнале најмалку четири брода во водите на Карибите, при што загинале 21 лице. Американските власти тврдат дека акциите биле насочени против „криминални групи кои шверцуваат дрога“, но не понудија конкретни докази или детали за инцидентите, што предизвика осуда во повеќе држави од регионот поради можноста за кршење на меѓународното право.

Петро изјави дека „се отвора нов воен сценарио во Карибите“ и предупреди дека агресијата се насочува кон цела Латинска Америка.

„Се надевам дека семејствата на загинатите ќе се јават. Ова не е војна против шверцот, туку војна за нафта – и светот мора да ја запре“, изјави колумбискиот претседател.

Во меѓувреме, американскиот Сенат ја одби иницијативата со која ќе му се ограничи на претседателот Доналд Трамп употребата на воена сила против бродови во регионот. Предлогот го поднесоа демократите Адам Шиф и Тим Кајн, но беше одбиен со тесно мнозинство – 51 против 48 гласови.

Белата куќа реагираше со соопштение во кое наведе дека „очекува претседателот Петро јавно да ја повлече својата неоснована и навредлива изјава“, нагласувајќи дека САД и Колумбија и понатаму остануваат партнери во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност.

Според документ кој неодамна протече во Конгресот, администрацијата на Трамп ги смета операциите во Карибите како дел од „немеѓународен вооружен конфликт“, што им овозможува поширока употреба на воени овластувања. Претседателот Трамп веќе ги означи повеќе нарко-картели во Мексико, Еквадор и Венецуела како терористички организации, што им овозможува на американските сили да делуваат поагресивно против нив.

Next Post

Рускиот претседател ја презема одговорноста за трагедијата со патничкиот авион

Нова драма во случајот Штекли

Препорачани Вести

Му земале илјадници евра претставувајќи се како членови на криминална група

„Ќерката ти е повредена“ – измама вредна 27.000 евра

3 months ago

Масовни апсења во Црна Гора: поранешен обвинител и полицајци осомничени

4 months ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кросето ја исмеа мисијата во Гренланд, Италија вели „не“ на симболични потези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче предлага нов прв човек на ДИК, Кондарко останува член

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворена Светската купа во сноуборд 2026 во Банско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.