Connect with us

Свет

Путин испраќа 25.000 Кубанци на фронтот во Украина; „Помалку мртви Руси“, тврди Киев

Според украински извори, дури 25.000 Кубанци би можеле да се борат за Русија, што ги надминува дури и Севернокорејците како најголем странски контингент на фронтот, пишува Forbes.

Украинскиот разузнавач Андриј Јусов изјавил дека на рускиот режим му одговара користење странски платеници: „Ако гине странец, нема социјални трошоци, нема незадоволни семејства во Русија – и, се разбира, има помалку мртви Руси.“

Британската разузнавачка служба проценува дека Русија има над милион жртви, што го натера Кремљ да регрутира или принудно вработува странци од Африка, Латинска Америка и Централна Азија.

Финансиски мотиви и измами

Многу Кубанци се привлечени од платата – наводно околу 2.000 долари месечно, што е огромна сума споредено со просечната кубанска плата од 20 долари. Некои изјавиле дека биле измамени – наместо градежна работа, завршиле на фронтот.

Аналитичари тврдат дека регрутацијата во вакви размери е невозможна без барем молчалив пристанок од властите во Хавана, иако тие негираат официјално учество.

Според доверлив документ на Стејт департментот, проценето е дека моментално меѓу 1.000 и 5.000 Кубанци веќе се борат во Украина.

Украинската пратеничка Олесандра Устинова рече дека праќањето Кубанци и Севернокорејци е повеќе политичка порака отколку воена стратегија: „Русија сака да покаже дека има партнери. Убивме околу 40 Кубанци – имаме нивни пасоши како доказ.“

Advertisement

Свет

Лавров: Русија ќе ги смета странските војници во Украина за легитимни цели

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти кои учествуваат во конфликтот во Украина. Тој посочи дека околу 100 британски војници се вклучени во борбени операции против руските сили.

„По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие вистината. Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британскиот воен персонал и специјални сили во војната против Русија“, рече Лавров за време на тркалезна маса посветена на украинското решение.

Британското Министерство за одбрана потврди дека британски војник загинал во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските сили. Според весникот „Сан“, покрај британскиот војник, во несреќата загинале и најмалку четворица украински војници.

Лавров додаде дека Москва ќе извлече сите потребни заклучоци од, како што го нарече, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

Continue Reading

Свет

Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана.

„Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин.

Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во наредните пет години.

Руте повика на засилување на одбранбените напори за да се спречи „војна од една генерација“, потенцирајќи дека сојузниците мора да делуваат веднаш за да обезбедат безбедност во регионот.

Continue Reading

Свет

ЕУ со нов чекор: Рускиот капитал ќе остане замрзнат

Земјите членки на Европската Унија постигнаа начелен договор за замрзнување на руските средства на неопределено време, што се смета за клучен исчекор кон усвојување на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации за Украина.

Формалната одлука треба да биде донесена утре на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки – Корепер. Одлуката ќе се темели на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој овозможува носење одлуки со квалификувано мнозинство во услови на „економска итност“, наместо со едногласност.

Досега продолжувањето на мерката се вршеше на секои шест месеци и исклучиво со консензус. Новото решение го елиминира ризикот некоја држава во иднина да стави вето на понатамошно замрзнување на средствата. Дополнително, ова се оценува како клучен чекор за да се спречи враќање на руските средства доколку санкциите кон Москва некогаш бидат укинати – прашање што особено ја загрижуваше Белгија, една од најголемите сопировки на планот за користење на замрзнатите средства за Украина.

Овој договор доаѓа само еден ден по изјавата на белгискиот премиер Барт де Вевер, кој ја доведе во прашање правната основа за трајно замрзнување на капиталот врз основа на член 122, оценувајќи дека „вонредната состојба“ која ја предвидува овој член не се однесува на земја што не е членка на ЕУ.

Според моменталните најави, Белгија утре најверојатно ќе биде воздржана, а Унгарија и Словачка ќе гласаат против. Сепак, квалификуваното мнозинство за усвојување на предлогот ќе биде обезбедено.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг