Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СО КАФЕ И ЧАЈ ДО ПРОМЕТ ЗАЧИНЕТ СО 41,3 МИЛИОНИ ЕВРА

by Уредник
09.10.2025
in Uncategorized

Ај, на кафе! Без тоа во Македонија не се може. Не сме Англичани, но и чајот, особено во зима, се троши. Зачините, пак, стануваат сè поприсутни на нашите трпези. Ова се одлични адути за успех во секторот трговија со кафе, какао, чај и зачини, кој лани заеднички завртил 41,3 милиони евра приход, создал 2,1 милиони евра добивка и бил дом на 153 вработени, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа.

Податоците покажуваат дека најуспешните компании во овој сектор работат со промет од најмалку еден милион евра. Најголем дел од компаниите се сместени во Скопје.

ИМА ГОЛЕМА РАЗЛИКА ВО ПРИХОДИТЕ ПО КОМПАНИИ

Во трката по приходи, АТЛАНТИЦ ГРАНД од Скопје го носи приматот со околу 13,8 милиони евра за 2024 година, пред охридската РЕНАРДАсо 11 милиони. Разликата меѓу првиот и вториот е околу 2,8 милиони евра – доволна за јасна предност, но не и непремостлив јаз.

На трето место е кралот на какаото, ЛЕАКОМ–МАРИСОН од Ќојлија, Петровец со 5,5 милиони евра промет, компанија што успева да го најде својот простор меѓу големите. Интересно е што првите три компании генерираат речиси три четвртини од вкупните приходи на листата, пазар во кој широката дистрибуција и силното портфолио се рецепт за голем волумен.

Под оваа компанија е ДЕВОЛЛИ ЦОРПОРАТИОН ДООЕЛ Скопје, чиј приход лани изнесувал 3,1 милион евра. Зад неа се фирми што оствариле промет од 1,7 милиони евра до 1 милион евра.

Извор: Бизнис Мрежа

Целиот текст може да го прочитате на pari.com.mk

Next Post

Ѓорѓиевски најави: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница под „Лимак“

Голема акција во Битола: Уапсен еден од најмоќните бизнисмени

Голема акција во Битола: Уапсен еден од најмоќните бизнисмени

Препорачани Вести

Градоначалникот Коњановски ја посети противпожарната единица во Битола

2 weeks ago
Трамп се закани, Европската Унија го казни Гугл со 3 милијарди долари

Трамп се закани, Европската Унија го казни Гугл со 3 милијарди долари

4 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.