Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израел најави ослободување на сите живи заложници во Газа утре наутро

by Уредник
12.10.2025
in Uncategorized

Израелските власти потврдија дека утре во раните утрински часови треба да започне операцијата за ослободување на сите живи заложници кои ги држи палестинското движење Хамас во Појасот Газа. Информацијата беше објавена од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и потврдена од самата организација.

Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросјан, соопшти дека Израел е подготвен да ги прими и телата на 28 заложници за кои е потврдено дека се убиени, веднаш по ослободувањето на преживеаните. Според договорот, по нивното предавање Израел ќе започне со ослободување на стотици палестински затвореници од своите затвори.

„Живите заложници ќе бидат предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ќе бидат транспортирани во безбедна зона со шест до осум возила“, изјави Бедросјан.

Таа потсети дека при последното примирје потврдата на идентитетот на убиените заложници била извршена по обдукција во Израелскиот институт за судска медицина.

Воедно, Бедросјан потврди дека Израел нема да учествува на мировниот Самит за Газа кој утре ќе се одржи во Египет под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп. „Ниту еден израелски претставник нема да присуствува на состанокот“, изјави таа.

Next Post

Грузискиот спикер обвинува: Брисел го претвора „мировниот проект“ на ЕУ во воен план

НАСА предупредува: Земјата се „замрачува“ – северната хемисфера губи енергија и рамнотежа

Препорачани Вести

Новата директорка на ОУ„Тодор Ангелевски“, Гордана Јоначиќ вели има максимално почитување на личноста на учениците

8 months ago

Средба на Димитриеска Кочоска со стопанственици во Битола: Поддршка за економскиот развој на регионот

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.