Connect with us

Црна Хроника

МВР ја разби криминалната шема: Петмина осомничени за криумчарење скапи возила

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.К., Г.С. и С.С. за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за тамошни државјани.

Со акцијата реализирана вчера под координација на јавен обвинител, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека Д.К., во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Тојота ЦХР, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага. Притоа искористил лажни таблички и лажни исправи кои му биле изготвени од лице кое сега е веќе осудено, па го регистрирал и извадил сообраќајна дозвола за возилото.

Втората осомничена Г.С., во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да извршат криумчарење на Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра кој исто така бил предмет на меѓународна потрага. Автомобилот го презела осомничената со фиктивен договор за купопродажба, а потоа со лажни бугарски таблички и лажни исправи извадил сообраќајна дозвола во земјава.
Третиот осомничен С.С. е управител на правно лице, кој за потребите на фирмата, на сличен начин, избегнувајќи ја царинската контрола, во државава од Бугарија внел автомобил Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра, со преправен број на шасија, а потоа со целосно лажни документи извадил сообраќајна дозвола за возилото.

Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа пријава е поднесена и против А.К и А.Ш. службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР и за кои постојат сомненија дека ги изготвиле и ги издале сообраќајните дозволи.

Advertisement

Црна Хроника

Акциска контрола во објекти на ул. „Илинденска“ и „Маршал Тито“ во Тетово

На 08.12.2025 во периодот од 11:00 до 14:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државна пазарна инспекција Тетово и Државна трудова инспекција Тетово, извршиле акциска контрола во објекти по однос на производи кои се предмет на акцизни давачки, контрола за поседување на соодветно одобрение за работа на државен празник, контрола на затекнати вработени лица, како и контрола со цел пронаоѓање на предмети кои се спротивни на Законот за девизно работење. 

Притоа, извршена е контрола во осум продажни објекти на ул.,,Илинденска“, сопственост на С.З.(44) од с.Мала Речица, на ул.,,29 Ноември“, сопственост на Ж.Ж.(42) од Тетово, на ул. ,,Илинденска“ каде управител е А.А.(37) од Тетово, на ул.,,Маршал Тито“ чиј управител е Ш.М.(31) од Тетово, на ул.,,Илинденска“ каде  управител е М.Р.(32) од Тетово,  на ул.,,Илинденска“ каде управител е Х.С.(22) од Скопје, на ул. ,,Маршал Тито“ чиј управител е М.Р.(32) од Тетово и на ул.,,Маршал Тито“ каде управител е А.Ш.(35) од Тетово. За време на контрола, од службените лица од Државен пазарен инспекторат пронајдени и одземени се 322 парчиња електронски цигари, 32 кутии масло за електронски цигари, пет штеки и 132 кутии разновидни цигари, 52 парчиња цигари – пури и 1,800 грама тутун, за што презедоа и соодветни мерки од нивна надлежност.

Continue Reading

Црна Хроника

Претреси во Скопје и скопско, лишени од слобода 12 лица – Полицијата со детали

Денеска (10.12.2025) во раните утрински часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведоа претреси на повеќе локации на подрачјето на селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Методија Андонов Ченто и Чаир. Во акцијата беа лишени од слобода 12 лица: Н.С.(70), Ф.С.(42), Ќ.С.(44), Б.А.(40), С.Д.(37), Ф.Д.(35), Н.А.(59), Р.К.(27), Н.Л.(44), А.К.(35), З.М.(61) и Р.С.(27), за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

До ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против сите 12 лица, за кои постои основано сомнение дека во периодот од април 2025 година до декември 2025 година создале и станале припадници на злосторничко здружение, организирано за вршење кривични дела казниви со затворска казна од најмалку три години.

С.Д., од засега непознати лица од Република Косово, неовластено набавувал огнено оружје и муниција со цел понатамошна продажба, по што нелегално ги пренесувал на територијата на Република Северна Македонија. Оружјето и муницијата биле неовластено складирани на безбедни локации во селата Сингелиќ и Брест.

Од прибраните докази произлегува дека припадниците на групата имале јасно распределени улоги. Н.С., како еден од организаторите, давал насоки за пронаоѓање потенцијални купувачи и за неовластено посредување во трговијата со огнено оружје и муниција. С.Д.. неовластено набавувал муниција и ги координирал активностите за доставување на оружјето до членовите на групата, додека Н.А. го одржувал контактот со првоосомничениот и ја координирал доставата до непосредните купувачи.

Дополнително, Н.Л., покрај неовластено посредување во трговија со оружје, се сомничи дека неовластено продавал и наркотична дрога кокаин.

Continue Reading

Црна Хроника

Пријава за семејно насилство во Тетово – Полицијата презема мерки

На 09.12.2025 во 17:00 часот во СВР Тетово, 43-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 15:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот 55-годишен сопруг ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг