Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Судири во Швајцарија: Повредени 18 полицајци на пропалестински протест

by Уредник
12.10.2025
in Uncategorized

Во швајцарскиот главен град Берн, во саботата избувнаа насилни судири меѓу полицијата и пропалестинските демонстранти, при што беа повредени 18 полицајци и неколку граѓани, соопшти полицијата во неделата. Протестот, кој немал официјална дозвола, бил насочен против израелската воена кампања во Појасот Газа.

Како што информира полицијата, насилството започнало кога органите на редот се обиделе да го ограничат движењето на демонстрантите, кои возвратиле со фрлање предмети и тули. Швајцарската национална телевизија SRF јави дека полицијата употребила солзавец и водени топови за да ја растера толпата од околу 5.000 лица.

„Таквото однесување ја принуди полицијата да примени присилни мерки,“ изјави заменик-началникот на полицијата во Берн, Михаел Бетшен.

Во инцидентот е уапсена една личност, а според полицијата, оштетени се повеќе од 50 згради — искршени прозорци и испишани графити. Штетата, според проценките на SRF, може да достигне неколку милиони швајцарски франци.

Организатори на протестот биле пропалестински групи од различни делови на земјата. Вакви немири се реткост во Швајцарија, иако и на 2 октомври во Женева имало судири меѓу полицијата и демонстранти кои протестирале во знак на поддршка на Палестина.

Next Post

Хроничен недостиг на лекови ја погоди Европа: Аптекарите и пациентите во мака

Ердоган: Прво јас ќе ја посетам Газа!

Препорачани Вести

Несекојдневна глетка во Скопје: Автомобил паркиран врз друг автомобил

Несекојдневна глетка во Скопје: Автомобил паркиран врз друг автомобил

7 months ago
Турист од Шведска оставен гол на Широк сокак – морал да ја соблече маицата

Турист од Шведска оставен гол на Широк сокак – морал да ја соблече маицата

5 months ago

Популарни Вести

  • Трамп тврди дека Путин се согласи на еднонеделен прекин на огнот во Украина поради студеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запрена истрагата за 11 полицајци во „Пулс“ – Експертите предупредуваат дека обвинението создава магла, не правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Професорката Каракамишева најнов дел од тимот на премиерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен дневен промет од 25,9 милиони денари, стабилен обврзнички пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.