Connect with us

Македонија

Анкета на М-Проспект за Булевар.мк: За која партија ќе гласаат граѓаните на локалните избори

ВОВЕД И МЕТОДОЛОГИЈА

Анкетата е спроведена за потребите на Булевар.мк од страна на М-Проспект. Податоците се собирани во период од  1 до 8 октомври 2025 година преку телефонска анкета (CATI). 

Примерокот вклучува 995 испитаници и е национално репрезентативен за полнолетната популација. Истиот е подготвен согласно податоците од Пописот од 2021 година од Државниот  Завод за Статистика. 

Примерокот е повеќестепен стратификуван примерок, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење (регион и урбан/рурал). Општините се примарни единици на примерокот и се одбрани преку веројатност пропорционална на големина. 

Домаќинствата се бирани по случаен избор на телефонски број, каде на фиксни броеви е користен методот “Следен роденден” за избор на испитаник, а на мобилни броеви анкетата е спроведувана со оној кој се јавува. 

Маргина на грешка е +/- 3 со ниво на доверба од 95%

Бројките во графиконите и табелите може да не се соберат до 100 проценти поради заокружување.

ПЕРЦЕПЦИИ ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗЕМЈАТА

ИЗБОРИ

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг