Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Целосен пресврт на ситуацијата: Зеленски откри што му рекол Трамп додека разговарале

by Уредник
13.10.2025
in Uncategorized
Целосен пресврт на ситуацијата: Зеленски откри што му рекол Трамп додека разговарале

Зеленски: “Трамп ми рече… Мислеше дека ќе може да го запре Путин”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп му рекол оти планирал да ја запре војната во Украина пред да се постигне примирје на Блискиот Исток, но дека конфликтот во Украина е „потежок и поголем“ отколку оној во Газа.

„Во телефонски разговор му честитав на Трамп за прекинот на огнот на Блискиот Исток — тоа е голем успех за него и за Соединетите Американски Држави. Тој ми рече искрено дека мислел дека ќе може да го запре Путин пред да постигне примирје на Блискиот Исток,“ изјави Зеленски во интервју за Fox News.

Тој додаде дека се согласил со Трамп дека ситуацијата во Украина е многу потешка отколку во Газа.

„Тој навистина рече дека војната во Украина е потешка и поголема — и тоа е разбирливо. Ова е војна во полн обем. Не ги споредуваме жртвите, затоа што страдањето е болно каде и да се случува. Но ние се соочуваме со голем конфликт, а Русија е голема сила, навистина голема. Тие ја започнаа првата операција пред повеќе од десет години. Ова е навистина многу тешка ситуација,“ изјави Зеленски.

Тој оцени дека постигнатото примирје на Блискиот Исток дава сигнал и надеж дека и Путин би можел да се соочи со сличен меѓународен притисок за да ја прекине војната во Украина.

„За тоа ни е потребно оружје со долг дострел и вистинска противвоздушна заштита — само така можеме да му покажеме на Путин дека Америка стои зад нас. САД располагаат со ракети Tomahawk и други средства кои можат да се употребат во воени цели,“ изјави Зеленски.

Тој потсети дека Иран ѝ дал на Русија лиценци за производство на беспилотни летала, дека ирански експерти ги обучувале руските сили, а Северна Кореја ѝ обезбедила на Москва големи количини артилерија.

„Ние сме силна земја, но не доволно голема за да се спротивставиме на Русија, Иранците и Севернокорејците. Тоа е премногу. Затоа и разговаравме за Tomahawk и другите видови помош,“ нагласи Зеленски.

Next Post

Меџити од Куманово: Со ВЛЕН доаѓа нов ветар и вистинска промена

Битола во боите на Пелистер – Коњановски ја честита 80-годишнината на клубот

Препорачани Вести

Унгарија ја нападна ЕУ: „Доста со двојните стандарди“

Унгарија ја нападна ЕУ: „Доста со двојните стандарди“

5 months ago

Општина Пробиштип ги повикува граѓаните на консултации за животна средина

3 months ago

Популарни Вести

  • Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.