Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СРЕЌАВААТ ЗДРАВЈЕТО И БИЗНИСОТ ‒ 192,8 милиони евра оставиле граѓаните во аптекарските каси

by Уредник
13.10.2025
in Uncategorized

Здравјето е највредното нешто што го имаме. Ниедно богатство не може да го замени, ниту да го спаси човекот кога телото ќе се побуни. Затоа и не е случајна изреката ‒ подобро да се спречи, отколку да се лечи.

Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што оваа вистина станува дел од секојдневието. Таа не е само простор со полици полни со лекови, туку првата станица кога здравјето ќе се наруши. Таму фармацевтот е од доверба, а зад тие производи и етикети стои жива индустрија што пулсира со здравјето на луѓето и остварува сериозна економска активност.

Анализата на порталот Пари, во која се користени податоците од Бизнис Мрежа, опфаќа 10 аптекарски фирми, кои се на врвот според приходот и добивката. Вкупно 192,8 милиони евра приходи, 4,7 милиони евра добивки и 2.010 вработени ја одразуваат силата и значењето на секторот трговија на мало co фармацевтски производи во македонската економија. Тоа е индустрија што постојано расте, балансирајќи меѓу здравјето на луѓето и стабилноста на пазарот.

КОИ СЕ НАЈМОЌНИТЕ БРЕНДОВИ ВО ФАРМАЦИЈАТА?

Приходите на македонските аптеки за 2024 година се движат во широк опсег ‒ од 3 до 66,1 милион евра.

Лидер е Зегин Фарм Скопје со 66,1 милион евра, што ја позиционира како најмоќен бренд и најпрепознатливо име во фармацевтската малопродажба. Компанијата, основана уште во 1989 година, има најразвиена мрежа и највисоки плати во дејноста, што се рефлектира и во стабилните финансиски резултати.

На второ место е Моја Аптека Скопје со 49,4 милиони евра приход, која потекнува од истото семејство и го пренесува искуството и стратегијата на Зегин во модерен, проширен систем.

урофарм Битола е на третата позиција со 46,6 милиони евра, а нејзините аптеки имаат широка дистрибуција во повеќе градови, со силен локален бренд.

Понатаму следат Виа Фарм Вевчани (6,7 милиони евра) со раст од 41 насто во споредба со 2023 година, Виола Скопје (5,8 милиони евра), Мента Фарм Прилеп (4,2 милиони евра), Алпи Фарм (4,5 милиони евра) и Жива Фарм Велес (3,2 милиони евра).

Извор: pari.com.mk

Next Post

МБИ10 со раст од 0,51%, обврзничкиот пазар без активности

Европската комисија ги поддржува иницијативите на Групацијата 4iG за дигитална инфраструктура и подморски кабли во Западен Балкан

Препорачани Вести

Приведено лице од гостиварско, управувал возило со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Приведено лице од гостиварско, управувал возило со брзина од 173 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

10 months ago

Марта Кос: Интеграцијата на Црна Гора нема да создаде тешкотии за ЕУ

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.