Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лишени од слобода возачи од Скопје и ресенско затоа што предизвикале сообраќајни несреќи со тешки последици

by Уредник
14.10.2025
in Uncategorized
Лишени од слобода возачи од Скопје и ресенско затоа што предизвикале сообраќајни несреќи со тешки последици

На 13.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ф. (19) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 од КЗ „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Т.(19) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а А.Ф. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 13.10.2025 полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода М.М. (34) од с. Претор, ресенско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 од КЗ „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во 10:45 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен, патничко возило „сеат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.М. удрило во пешаците – 66-годишната Е.Л. и 74-годишниот К.Т., двајцата од с.Јанковец, ресенско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител возачот М.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Next Post
Лишен од слобода гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предивикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

Лишен од слобода гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предивикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

Трамп успеа? Џо Бајден и Бил Клинтон со неочекувана изјава за Доналд Трамп

Трамп успеа? Џо Бајден и Бил Клинтон со неочекувана изјава за Доналд Трамп

Препорачани Вести

Велика Британија парализирана од бурата Горети: Над 40.000 домови без струја и хаос во сообраќајот

1 week ago

МИЛИОНИ „МРТВИ ДУШИ“ ВО САД ДОБИВААТ СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ?! Илон Маск тврди дека ова е „можеби најголемата измама во историјата“

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.