Connect with us

Република

Пробиштип: Тоневски најави дом за повозрасните и почит кон пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати емотивна порака до пензионерите, истакнувајќи дека тие се темелот на градот и дека нивниот труд и љубов се вградени во секој дел од заедницата.

„Нашите пензионери се темелот на Пробиштип. Тие го вложија своето време, труд и љубов за градот што денес го имаме. Сега е ред ние да им возвратиме — со почит, грижа и поддршка, за нивните денови да бидат мирни, достоинствени и исполнети со радост,“ порача Тоневски.

Како дел од својата визија за подобар живот на повозрасните сограѓани, Тоневски најави голем проект – обновување и целосна реконструкција на зградата на поранешниот интернат, која ќе биде пренаменета во модерен дом за пензионерите на Пробиштип.

„Зградата на поранешниот интернат, која е изградена по сите стандарди и услови за сместување, ќе ја обновиме, ќе ја уредиме и целосно ќе ја реконструираме. Ќе ја претвориме во дом за нашите повозрасни сограѓани – место каде ќе можат да престојуваат, да се дружат и да ги поминат пензионерските денови во мир и спокој. Просторот околу зградата ќе го уредиме во убаво паркче за дружење и релаксација,“ истакна тој.

Тоневски нагласи дека Пробиштип мора да гради иднина што се темели на вредностите и делото на постарите генерации. „Да градиме иднина со почит кон оние што ја создадоа основата,“ додаде кандидатот.

Со пораката „За тебе! За твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, Тоневски ги повика граѓаните на единство, солидарност и заедничка визија за достоинствен и хуман Пробиштип.

Видеото може да го погледнете тука

Република

Коњановски ги прими просветните работници на годината од Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“.

Коњановски им честиташе за значајното признание доделено од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, нагласувајќи дека ваквите награди се симбол на поширока општествена заложба за почит и вреднување на улогата на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во образованието.

Тој истакна дека трудот на просветните работници е фундаментален за формирањето на идните генерации и дека локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува нивната работа.

Признанијата се доделуваат во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“, која Министерството ја реализира по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, со цел истакнување на незаменливата улога на учителите и зголемување на општествената почит кон нив.

Continue Reading

Република

Мал авион се сруши во Мавровско Езеро, едно лице повредено

vonredna vest

Мал авион утрово се урна во Мавровско Езеро, при што две лица се наоѓале во леталото, а едното од нив е повредено. Инцидентот бил пријавен на бројот 112, по што информацијата веднаш била проследена до надлежните служби.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, изјави дека ЦУК ја информирал СВР Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово за потребната итна интервенција.

Екипите веднаш излегле на терен и работат на извлекување и обезбедување на лицата од авионот, како и на утврдување на причините за падот.

Извор: тв21

Continue Reading

Република

Проданоски ги повика прилепчани на заедничко одбележување на Свети Никола

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати покана до граѓаните да присуствуваат на централното одбележување на Градската слава и патрониот празник на градот – Свети Никола. Оваа година се одбележуваат 20 години од прогласувањето на Свети Никола за заштитник на Прилеп, значаен јубилеј кој, како што истакна Проданоски, го зацврстува чувството на заедништво и традиција.

Свеченото одбележување ќе започне во 08:00 часот со литургија во храмот „Св. Благовештение“. Во 12:00 часот пред параклисот „Св. Никола“ ќе се одржат водоосветување и прережување на славскиот колач, по што граѓаните заедно ќе се упатат кон плоштадот „Александрија“. На плоштадот ќе биде поставена традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничната атмосфера ќе ја збогати настапот на групата „Тајфата“ на Камената бина.

Проданоски ги повика сите прилепчани, како и граѓаните од цела Македонија, да се приклучат на прославата и да го одбележат празникот со заедничка радост и достоинство.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг