Connect with us

Црна Хроника

Трагедија: Почина Панчо од ДНК

Македонската јавност е потресена од загубата на Владимир Блажев – Панчо од музичкото дуо ДНК, кој почина по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Популарниот пејач настапуваше вечерта кога избувна огнот, и веднаш реагираше, на микрофонот советувајќи ги присутните да излезат надвор. Иако во еден момент имаше информации дека неговата состојба се подобрува, за жал, Панчо не успеа да преживее.

Тој остави две деца – Андреја и Марјан.

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава против директорка – МВР со детали

СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде избрана за директор. Врз основа на доставениот предлог, на 12.07.2023 градоначалникот на општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето.

Continue Reading

Црна Хроника

Битолчанка измамена од 20.000 евра – Ова се деталите

70-годишна жена од Битола пријавила во полиција дека била измамена за 20.000 евра, откако непознато лице телефонски ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала по скали и ги искршила вилицата и ногата. Измамникот побарал итни средства, тврдејќи дека за наводните повреди морало да се вградат „златни шипки“.

Жената, верувајќи дека се работи за животна ситуација, ги оставила парите на договорено место. Подоцна, кога успеала да ја добие својата ќерка, сфатила дека целата приказна била измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО: Пожар во Стара чаршија во Скопје

vonredna vest

На социјалните мрежи се појави видео од пожар во еден од објектите во Скопската Стара чаршија. На снимките се гледа огнената стихија и интервенција на противпожарните екипи.

Засега нема потврдени информации за повредени лица, а причините за пожарот се во тек на утврдување. Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот и да ги следат инструкциите на службите.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг