Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски: Со топлификацијата 36 институции во Битола ќе се ослободат од цврсто гориво

by Уредник
16.10.2025
in Uncategorized

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, изјави дека проектот за топлификација е во завршна фаза и ќе овозможи 36 јавни институции да престанат со користење на цврсто гориво, што ќе придонесе за значително намалување на загадувањето во градот.

„Делот на топлификацијата, кој е во завршна фаза, ќе овозможи 36 јавни институции да се ослободат од тврдото гориво. За пречистителната станица во тек се подготвителните работи на терен. Тоа се два проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои го решаваат загадувањето,“ изјави Коњановски во гостување на ТВ24.

Тој додаде дека е изработен зелен катастар и обемна програма за енергетска ефикасност, како дел од визијата за зелена и одржлива Битола.

Коњановски потсети и на инфраструктурните проекти реализирани во изминатите четири години, посочувајќи дека во тој период се реконструирани улици во должина од над 50 километри.

„Во наредниот мандат ќе се продолжи со истиот интензитет. Направивме комплетна реконструкција на улици во должина од над 50 километри и се зафативме со два капитални проекти – новиот влез во Битола и проектот од страната на Охрид,“ нагласи Коњановски.

Тој истакна дека донесувањето на новиот Генерален урбанистички план, започнат во неговиот мандат, претставува основа за решавање на клучните инфраструктурни и еколошки предизвици на Битола.

Next Post
Лишено лице од слобода поради извршена тешка кражба, одреден притвор

Лишено лице од слобода поради извршена тешка кражба, одреден притвор

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе започне на 19 ноември

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе започне на 19 ноември

Препорачани Вести

Муцунски во Истанбул: Зајакнување на регионалната соработка преку Балканската платформа за мир

1 week ago
Објавена драматична снимка од епицентарот на пожарот во Хрватска – вистински хорор [ВИДЕО]

Објавена драматична снимка од епицентарот на пожарот во Хрватска – вистински хорор [ВИДЕО]

7 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.