Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пресек по третиот квартал од 2025: „Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесиски надоместоци

by Уредник
16.10.2025
in Uncategorized

Износот за концесиски надоместоци од Булмак 2016 за четирите општини Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица, само за првите 9 месеци од 2025 година изнесува 45.420.255 денари


Пробиштип, 15 октомври 2025
– „Булмак 2016“, компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, ја информира јавноста дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Согласно законската распределба од нив 22% се слеваат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари и останатите 78% или 45.420.255 денари се слеваат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.

„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ изјави Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.

Компанијата со навремена исплата на средствата ја покажува и општествената одговорност кон локалната заедница. Средствата на локално ниво се распределуваат во четири општини каде што компанијата има активности. Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари. Овој прилив ја нагласува регионалната важност на работењето на рудниците Тораница и Злетово како стабилен извор за финансирање на општински проекти во инфраструктурата, образованието, спортот и јавните услуги.

„Булмак 2016“ останува посветен на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.

Комбинацијата од стабилно производство и предвидливи уплати создава поголема сигурност за локалните буџети и дополнителен простор за развојни проекти на регионално ниво. Во фокусот на компанијата се безбедноста, ефикасноста и општествена одговорност, со континуирани инвестиции во технологија, модернизација и мерки за заштита на животната средина, во партнерство со локалните заедници.

Next Post

Коњановски доби поддршка од Демократскиот сојуз на Власите и Демократската партија на Србите

Ѓорѓиевски најави изградба на два кружни текови кај „Тобако 2“ во Аеродром

Препорачани Вести

Русија повторно ги таргетира украинските железници – погодени станици кај Киев

2 months ago

Родителите на жртвите од дискотеката  „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да ја преиспита истрагата

1 month ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.